Деновиве треба да биде објавен оглас за давање на околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште. Половина од тоа ќе биде наменето за лица кои сакаат да земат до три хектари, а половина за лица, односно за компании кои би земале повеќе од три хектари. За нив ќе биде понудено земјиште во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион, а оние што ќе го добијат ќе треба да направат и одредени инвестиции. Во завршна фаза се подготовките за објавување оглас за околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште за категорија лица кои имаат потреба од земјиште до три хектари и за категорија лица, односно компании кои сакаат државно земјиште од над три хектари. Ова набрзо треба да помине низ владините процедури, изјави вчера премиерот Никола Груевски.
Деновиве треба да биде објавен оглас за давање на околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште. Половина од тоа ќе биде наменето за лица кои сакаат да земат до три хектари, а половина за лица, односно за компании кои би земале повеќе од три хектари. За нив ќе биде понудено земјиште во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион, а оние што ќе го добијат ќе треба да направат и одредени инвестиции.
„Во завршна фаза се подготовките за објавување оглас за околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште за категорија лица кои имаат потреба од земјиште до три хектари и за категорија лица, односно компании кои сакаат државно земјиште од над три хектари. Ова набрзо треба да помине низ владините процедури“, изјави вчера премиерот Никола Груевски.
Тој појасни дека до три хектари најчесто сакаат да земат лица кои планираат помал бизнис и тоа земјиште е најчесто во рамки на селскиот атар, а над три хектари се за посериозен бизнис кој е дел од инвестирање на компаниите.
„Се надевам дека оваа можност ќе биде соодветно искористена од многумина кои сакаат да се занимаваат со земјоделство. Оние кои ќе земат земјиште до три хектари ќе бидат лица кои првпат земаат земјиште“, рече Груевски.