НБМ: Годинава растот ќе изнесува 2,5 отсто

Bez autora
May 25 2017

Македонската економија годинава ќе оствари раст од 2,5 отсто, изјави денес гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, презентирајќи ја редовната ревизија на макроекономските податоци. Оваа прогноза е значително помала во однос на октомвриската, кога за годинава се очекуваше раст на домашниот бруто- производ од 3,7 отсто, а корекцијата главно се должи на продолжената политичка криза, што влијае негативно врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите. Од НБМ очекуваат пролонгирано дејствување на политичката кризата и во текот на годинава, но и нејзино постепено разрешување, што заедно со пораст на извозот ќе придонесе во текот на наредната година растот повторно да се интензивира и да изнесува 3,2 отсто.

НБМ: Годинава растот ќе изнесува 2,5 отстоМакедонската економија годинава ќе оствари раст од 2,5 отсто, изјави денес гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, презентирајќи ја редовната ревизија на макроекономските податоци. Оваа прогноза е значително помала во однос на октомвриската, кога за годинава се очекуваше раст на домашниот бруто- производ од 3,7 отсто, а корекцијата главно се должи на продолжената политичка криза, што влијае негативно врз однесувањето и довербата на потрошувачите и инвеститорите.

Од НБМ очекуваат пролонгирано дејствување на политичката кризата и во текот на годинава, но и нејзино постепено разрешување, што заедно со пораст на извозот ќе придонесе во текот на наредната година растот повторно да се интензивира и да изнесува 3,2 отсто.

„Главните фактори на растот ќе бидат како и минатата 2016 година - најмногу извозот и личната потрошувачка. Кај инвестициите, пак, годинава очекуваме намалување, а в година повторно да преминат во позитивната зона“, изјави на презентација на најновата ревизија на макроекономските проекции гувернерот Богов.

Тој објасни дека извозот ќе биде поттикнат од новите капацитети, но исто така се забележува и закрепнување и пораст на традиционалниот извоз , кој пак, е повлечен од побарувачката и порастот на цените на металите, како и закрепнувањето на европската економија.

Значајни промени има и во структурата на извозот. Па така, како што рече Богов, ако пред десет години повеќе од 60 отсто од извозот отпаѓаше на текстил и на металите, сега нивното учество во вкупниот извоз е околу 30 отсто, а наспроти тоа, има голем пораст на учеството на машините, транспортните уреди и хемиските производи кои веќе достигнуваат 50 отсто од вкупниот извоз .

Овие две групи производи главно ги даваат новите капацитети кои што почнаа со работа последните години.

Од НБМ очекуваат натамошно намалување на трговскиот дефицит, што ќе доведе и до намалување на дефицитот на тековната сметка и тој ќе се движи околу 2 отсто од БДП, односно на ниво како и претходните години.

„Личната потрошувачка ќе го задржи умерениот раст и во оваа година при позитивни движења на пазарот на труд и солидна кредитна поддршка од банките“, рече Богов.

Инфлацијата годинава ќе изнесува 1,3 отсто, што е во рамки на предвидувањата, а идната година 2 отсто. Девизните резерви исто така ќе бидат во „сигурна зона“.

Мали надолни корекции има кај депозитите и кај кредитите - депозитите годинава ќе се зголемат за 4,2 отсто, што е нешто пониско од очекувањата во октомври лани, што според Богов се должи на целокупната политичка ситуација во земјава. За идната година се предввидува пораст на депозитите од 6,5 отсто. Кај кредитната активност се очекува раст од 5,6 отсто оваа година, а идната од 6,7 отсто.

„Банкарскиоот сектор ќе остане стабилен, високо ликвиден и добро капитализиран“, рече гувернерот Богов.

Резимирајќи ги најновите макроекономски прогнози, Богов рече дека проекциите покажуваат потенцијал за умерен економски раст, стабилни цени умерен дефицит на тековната сметка и солиден кредитен раст, при претпоставка за стабилизирање на домашните политички услови. Но, ризиците се присутни, со доминација на неповолните ризици, рече Богов.

Одговарајќи на новинарски прашања, колку политичката криза до сега ја чинеше македонската економиија, гувернерот Богов рече дека според прогнозите од 2014 година, НБМ очекувала во 2015 растот да биде 4,2 отсто (а остварен бил 3,8 отсто), во 2016 се очекуваше 4,5 отсто (остварени 2,4 отсто), и годинава околу 4,5 отсто, а процените сега се 2,5 отсто.

„Таа разлика на економскиот пораст кој што македонската економја можеше да го оствари бидејќи сите индикатори упатуваа на таков раст, а не го оствари, е штетата која што ја претрпе македонската економија, а со тоа и целокупната бизнис заедница и граѓаните“, рече Богов.

Во однос на процената дека бруто инвестициите годинава ќе бидат помали за 1,3 отсто, наспроти проекцијата од октоври лани која прогнозираше раст од 3,9 отсто, гувернерот Богов рече дека тоа се темелело на очекувањата дека од почетокот на оваа година политичката неизвесност значајно ќе се намали. и дека ќе се стабилизираат состојбите.

„Во такви услови требаше да дојде до пораст на инвестиците. Но, речиси сме на половина од годината, а тоа не се случи, така што тоа соодветно се рефлектира и врз стапката на пораст на бруто инвестициите, која сега е негативна“, рече Богов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik