Народна банка на Македонија и натаму останува на својата прогноза дека македонската економија оваа година ќе порасне со стапка од 4,1 отсто, како и дека овој раст дополнително ќе забрза во наредната година, на 4,5 проценти. Овие очекувања централната банка ги наведува во својот најнов квартален извештај, кој се однесува на мај годинава. Политичката криза, пак, се наведува како фактор на ризик, при што од НБМ велат дека ќе го следат, и доколку треба, ќе се направат промени во монетарната политика. Во делот на странската ефективна побарувачка, која влијае врз растот, НБМ и натаму очекува закрепнување, иако во 2015 тоа ќе биде умерено, со послабо темпо, главно заради послабите очекувања за дел од земјите во регионот. Додека, кај земјите во еврозоната очекувањата се коригирани нагоре.
Народна банка на Македонија и натаму останува на својата прогноза дека македонската економија оваа година ќе порасне со стапка од 4,1 отсто, како и дека овој раст дополнително ќе забрза во наредната година, на 4,5 проценти. Овие очекувања централната банка ги наведува во својот најнов квартален извештај, кој се однесува на мај годинава. Политичката криза, пак, се наведува како фактор на ризик, при што од НБМ велат дека ќе го следат, и доколку треба, ќе се направат промени во монетарната политика.
Во делот на странската ефективна побарувачка, која влијае врз растот, НБМ и натаму очекува закрепнување, иако во 2015 тоа ќе биде умерено, со послабо темпо, главно заради послабите очекувања за дел од земјите во регионот. Додека, кај земјите во еврозоната очекувањата се коригирани нагоре.
„Индикаторите укажуваат на продолжување на солидниот раст и во првиот квартал на 2015. Овие движења упатуваат на засилување на динамиката на раст на економијата во наредниот период. Имено, се очекува раст на домашната економија од 4,1 отсто во 2015 и дополнително забрзување на растот на 4,5 отсто во 2016. Најсилен импулс за растот и натаму се очекува од извозот, во услови на зголемена активност на постојните и отворањето нови извозни капацитети со странски капитал, како и на постепено закрепнување на странската побарувачка. Висок позитивен придонес врз растот во наредните две години се очекува и од инвестициската активност, која ќе биде поддржана од јавните инвестиции во патната инфраструктура, приливот на странски капитал во капацитетите ориентирани кон извозот, како и инвестициите на домашните претпријатија“, велат од НБМ, додавајќи дека овие движења соодветно ќе се одразат и во натамошен раст на личната потрошувачка, преку зголемување на платите и вработеноста во приватниот сектор. Покрај ова, растот на личната потрошувачка дополнително ќе ги одрази и растот на платите во јавниот сектор, како и растот на пензиите. Се очекува домашната побарувачка и натаму да биде главен извор на растот на економијата.
Според НБМ, се очекува солиден кредитен раст од 9 и 10 отсто во
2015 и 2016. Овие очекувања се условени од натамошните позитивни движења кај приватниот сектор, како главен фактор на страната на побарувачката на кредитите, како и растот на депозитната база и задржувањето на стабилните перцепции на банките за ризикот, како главен фактор на страната на понудата.
„Општо земено, последните остварувања укажуваат на оцени за солиден економски и кредитен раст, отсуство на ценовни притисоци, и платнобилансна позиција која обезбедува натамошно одржување на девизните резерви на соодветно ниво“, нагласуваат од НБМ.
Според централната банка, ризиците околу остварување на ваквото сценарио и натаму се главно од надворешна природа, а се поврзани со евентуални промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст, а особено растот во ЕУ, и движењата на цените на примарните производи на светските берзи.
„Од друга страна, основната априлска проекција е проследена со ризици поврзани со домашни неекономски фактори (неизвесност околу политичките случувања), кои може неповолно да се одразат врз домашната економија. НБМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на целите на монетарната политика“, се нагласува во извештајот на централната банка.