НБМ откупи 30 милијарди денари од банките

Bez autora
Jun 14 2017

Околу 30 милијарди денари или околу 480 милиони евра, во благајнички записи откупи Народната банка од банките во земјата на денешната аукција. Тоа се вишок пари кои банките не ги пласираат на пазарите на капитал како кредити на пример, туку НБРМ ги откупува секој месец за да го заштити курсот на денарот. При присуство на одредена неизвесност и ризици, каматната стапка на благајничките записи беше задржана на непроменето ниво од 3,25%, информираа од НБРМ. Објавените податоци за БДП за првиот квартал покажуваат стагнација на економската активност. Извозниот сектор и личната потрошувачка и понатаму растат, а дополнително во овој квартал позитивен импулс врз економијата имаа и инвестициите. Во услови на посилни увозни притисоци, вкупната економска активност стагнира, наспроти очекувањата за раст на економијата во овој период.

НБМ откупи 30 милијарди денари од банкитеОколу 30 милијарди денари или околу 480 милиони евра, во благајнички записи откупи Народната банка од банките во земјата на денешната аукција.

Тоа се вишок пари кои банките не ги пласираат на пазарите на капитал како кредити на пример, туку НБРМ ги откупува секој месец за да го заштити курсот на денарот. При присуство на одредена неизвесност и ризици, каматната стапка на благајничките записи беше задржана на непроменето ниво од 3,25%, информираа од НБРМ.

Објавените податоци за БДП за првиот квартал покажуваат стагнација на економската активност. Извозниот сектор и личната потрошувачка и понатаму растат, а дополнително во овој квартал позитивен импулс врз економијата имаа и инвестициите. Во услови на  посилни увозни притисоци, вкупната економска активност стагнира, наспроти очекувањата за раст на економијата во овој период. Пониските остварувања создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година, пишува во соопштението на Народната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik