НБМ: Отплатите кон странство ги намалуваат девизните резерви

Bez autora
Oct 15 2015

Намалувањето на девизните резерви, кое продолжило и во октомври годинава, се случува главно поради отплатите на државата на нејзините обврски кон странство, велат од Народна банка на Македонија. Тоа било и една од темите која деновиве ја разгледувал Комитетот за оперативна монетарна политика на НБМ. Но, од таму тврдат дека нема простор за загриженост, бидејќи резервите на државата се држеле во сигурна зона, а и за следниот период се очекува дека ќе останат на комфорно ниво. Според последните објавени податоци, нашите девизни резерви заклучно со септември тежеле 2,187 милијарди евра, што во однос на почетокот на годинава, кога тие беа на ниво од 2,436 милијарди, е намалување за 249 милиони евра. Во третиот квартал, пак, во однос на вториот е регистрирано намалување за 67 милиони евра, а во однос на првиот квартал, падот е за 167 милиони евра. Додека, пак, во септември, во однос на август, е забележан благ месечен пораст за 9,7 милиони евра.

Намалувањето на девизните резерви, кое продолжило и во октомври годинава, се случува главно поради отплатите на државата на нејзините обврски кон странство, велат од Народна банка на Македонија. Тоа било и една од темите која деновиве ја разгледувал Комитетот за оперативна монетарна политика на НБМ. Но, од таму тврдат дека нема простор за загриженост, бидејќи резервите на државата се држеле во сигурна зона, а и за следниот период се очекува дека ќе останат на комфорно ниво.

Според последните објавени податоци, нашите девизни резерви заклучно со септември тежеле 2,187 милијарди евра, што во однос на почетокот на годинава, кога тие беа на ниво од 2,436 милијарди, е намалување за 249 милиони евра. Во третиот квартал, пак, во однос на вториот е регистрирано намалување за 67 милиони евра, а во однос на првиот квартал, падот е за 167 милиони евра. Додека, пак, во септември, во однос на август, е забележан благ месечен пораст за 9,7 милиони евра.

Од НБМ во своето најново соопштение на Комитетот велат дека главен фактор за ова намалување е отплаќањето на обврските на државата кон странство. „Во третото тримесечје на 2015 девизните резерви забележаа пад, а благо намалување е забележано и во текот на октомври. Намалувањето на резервите во овој период е последица, пред се', на редовното отплаќање на надворешните обврски од страна на државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБМ“, објаснуваат од централната банка.

Сепак, оттаму тврдат дека девизниот пазар веќе подолг временски период е стабилен и НБМ не интервенира. Трговскиот дефицит и приватните трансфери, како клучни компоненти на тековната сметка, засега се движеле во проектираните рамки. „Анализата на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и натаму се движат во сигурната зона, а се очекува дека ќе бидат на комфорно ниво и во следниот период, кое е доволно за справување со евентуалните непредвидени шокови во иднина“, се вели во соопштението на НБМ.

НБМ смета дека во втората половина од годинава има можност за побавен раст на економијата. „По растот на БДП во второто тримесечје од 2,6 отсто, се навестува продолжување на ова темпо на раст и во третиот квартал. И покрај солидната динамика на раст, ризиците од пролонгирани ефекти од домашните случувања, како и од промените во глобалниот амбиент создаваат можност за побавен раст на економијата во втората половина од годината, во споредба со очекувањата“, се вели во соопштението.

Првичните податоци за септември покажале забрзување на месечниот раст на вкупните кредити, и кон населението, но и кон корпоративниот сектор, каде што по двомесечното намалување, кредитите забележале раст. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во септември изнесува 8,9 отсто и е малку пониска во однос на проекцијата.

А кај штедењето, пак, шоковите дома и надвор немале поволни ефекти. Остварувањата кај вкупните депозити заклучно со септември се послаби и на годишна основа се повисоки за 5,7 отсто, што е значително послаб раст од проектираниот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik