НБМ за вториот квартал очекува послаб раст од првиот

Bez autora
Sep 09 2016

Растот на македонската економија во вториот квартал, најверојатно, ќе биде уште понизок од оној што беше остварен во првото тримесечје од оваа година, а кој изнесуваше два проценти. Ова го прогнозира Народна банка на Македонија во својот најнов квартален извештај, објавен на нејзината веб-страница, а како причина ја наведува политичката криза. Инаку, колку ќе изнесува бруто-домашниот производ во вториот квартал од годинава треба да се знае денес, кога според календарот на Државниот завод за статистика, ќе бидат објавени бројките за економскиот раст на земјава за второто тримесечје.

НБМ за вториот квартал очекува послаб раст од првиотРастот на македонската економија во вториот квартал, најверојатно, ќе биде уште понизок од оној што беше остварен во првото тримесечје од оваа година, а кој изнесуваше два проценти. Ова го прогнозира Народна банка на Македонија во својот најнов квартален извештај, објавен на нејзината веб-страница, а како причина ја наведува политичката криза.

Инаку, колку ќе изнесува бруто-домашниот производ во вториот квартал од годинава треба да се знае денес, кога според календарот на Државниот завод за статистика, ќе бидат објавени бројките за економскиот раст на земјава за второто тримесечје.

„Повеќето податоци за вториот квартал на годината упатуваат на задржување на економијата во зоната на раст, но веројатно побавен од забележаниот во првото тримесечје. Ризиците околу остварувањето на основното макроекономско сценарио остануваат неповолни, а се однесуваат на неизвесноста поврзана со домашните политички случувања, но и на неизвесното надворешно окружување“, велат од НБМ во извештајот.

Остварувањето на овие ризици, заедно со пониското остварување на БДП во првиот квартал и сигналите за забавување во вториот, упатува на можност за понизок раст за цела оваа година, во однос на проектираниот со основното сценарио. „Во вакви околности, темпото би било поблиско до очекуваниот раст од 1,6 отсто, согласно со алтернативното сценарио“, укажуваат од централната банка.

Податоците за штедењето на населението и за побарувачката на девизи на менувачкиот пазар кон крајот на кварталот даваат видливи знаци на стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти. „Сепак, неизвесноста и натаму е голема, а ризиците во поглед на идната

патека на движење на економијата се оценуваат како неповолни. Неизвесноста од домашната политичка криза и можностите за нејзино поизразено прелевање во економската сфера остануваат високи. Негативни се и ризиците од потенцијално понискиот раст на европската економија, и воопшто намалениот глобален раст, како и натаму присутните геополитички тензии“, објаснуваат од монетарната власт.

Во вториот квартал бруто девизните резерви имале пад, што покажува послаба позиција на билансот на плаќања.

„Нестабилниот политички амбиент влијаеше за појава на шпекулации за девалвација на курсот на денарот и за стабилноста на банкарскиот систем, што предизвика висока склоност на населението за располагање со девизна готовина. И покрај остварениот пад, оценките на показателите за адекватност покажуваат дека девизните резерви остануваат во сигурната зона и се на доволно ниво за справување со евентуални идни непредвидени шокови во економијата. Основната априлска проекција за периодот 2016-2017 година предвидува умерен раст на девизните резерви на збирна основа“, се вели во извештајот.

Сепак, во последниов период се укажува дека е можно и алтернативното сценарио, околу можните ефекти и каналите на трансмисија на негативниот шок од политичката криза. Тоа сценарио претпоставува намалување на девизните резерви, но со задржување на сите показатели за нивна соодветност во конформна зона.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik