Економската активност расте со солидно ниво, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, а економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија. Во соопштението од НБРМ се наведува дека оцената на економските и финансиските услови покажува дека постојната монетарна поставеност е соодветна, при што е одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво од 25.500 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 3,25 проценти.
Економската активност расте со солидно ниво, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, а економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија.
Во соопштението од НБРМ се наведува дека оцената на економските и финансиските услови покажува дека постојната монетарна поставеност е соодветна, при што е одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво од 25.500 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 3,25 проценти.
„Девизните резерви и понатаму се одржуваат на соодветно ниво, коешто е доволно за справување со евентуалните непредвидени шокови во иднина. Ризиците за домашната економија, поврзани со домашните политички случувања и економско-политичките случувања во Грција, во последниот период се намалија, а нивните ефекти и понатаму се оценуваат како ограничени и главно остварени преку каналот на очекувањата. Сепак, иако намалена, и понатаму е присутна неизвесност во опкружувањето. Во вакви услови, излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените во надворешната позиција на економијата и од ефектите врз девизните резерви“, се наведува во соопштението од НБРМ.
Оттаму истакнуваат дека најновите макроекономски показатели не упатуваат на поголеми промени во амбиентот за водење на монетарната политика и оти по растот на БДП во првото тримесечје, показателите за економската активност во вториот квартал посочуваат на продолжување на овие трендови.
Според последните расположливи податоци за третото тримесечје на 2015 година, девизните резерви бележат пад. Намалувањето на резервите во овој период е последица, пред с? на редовното намирување на надворешните обврски од страна на државата, а делумно и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ.