НБРМ најдоцна до 15 декември ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за наредната година

Bez autora
Nov 23 2017

Советот на Народната банка на Република Македонија денеска донесе измени и дополнувања на одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор. Од НБРМ информираат дека со донесените измени е утврдено дека најмалку еднаш годишно овластените лица од Народната банка го оценуваат минималното потребно ниво на капитал за банката, кое се однесува за наредната година. Најдоцна до 15 декември во тековната година Народната банка ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за наредната година.

НБРМ најдоцна до 15 декември ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за наредната годинаСоветот на Народната банка на Република Македонија денеска донесе измени и дополнувања на одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор.

Од НБРМ информираат дека со донесените измени е утврдено дека најмалку еднаш годишно овластените лица од Народната банка го оценуваат минималното потребно ниво на капитал за банката, кое се однесува за наредната година.

Најдоцна до 15 декември во тековната година Народната банка ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за наредната година.

Оцената на минималното потребно ниво на капитал за банката ќе може да се изврши и во период пократок од една година доколку е потребно поради природата, видот и обемот на активностите што ги врши банката и ризиците на кои е изложена како резултат на тие активности за што банката соодветно ќе биде известена

Како што соопшти НБРМ, со донесените измени се појаснува процесот на изготвување оцена на севкупниот профил на ризик на банката и неговата содржина вклучувајќи ги и ризиците што произлегуваат од макроекономското опкружување.

Оцената на севкупниот профил на ризик на банката во согласност со оваа одлука опфаќа оцена на деловниот модел на банката, корпоративното управување во банката, ликвидносната состојба во банката и ризиците врз капиталната позиција на банката.

Со одлуката се определува начинот на кој врз основа на утврдениот севкупен профил на ризик на банката се изработува супервизорска стратегија за неа, се оценува минималното потребно ниво на капитал за банката и потребата за пропишување повисоки стапки од пропишаните во член 65, ставовите 1 и 2 од Законот за банките.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik