НБРМ: Пораст на потрошувачките и станбените кредити, пад на кредитите за автомобили

Bez autora
Aug 22 2017

Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 отсто, а 9,8 отсто на годишно ниво, при што најголем дел од зголемувањата се должат на растот на денарските пласмани. Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Меѓу одобрените кредити потрошувачките имаат забележан месечен раст од 1,1 отсто, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот раст кај потрошувачките е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кај автомобилските кредити продолжен е надолниот тренд, при што на месечно ниво намалувањето е 0,9 проценти, а 10,8 проценти годишно.

НБРМ: Пораст на потрошувачките и станбените кредити, пад на кредитите за автомобилиПодатоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 отсто, а 9,8 отсто на годишно ниво, при што најголем дел од зголемувањата се должат на растот на денарските пласмани. Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата.

Меѓу одобрените кредити потрошувачките имаат забележан месечен раст од 1,1 отсто, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот раст кај потрошувачките е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кај автомобилските кредити продолжен е надолниот тренд, при што на месечно ниво намалувањето е 0,9 проценти, а 10,8 проценти годишно. Раст е забележан кај одобрените кредити на кредитни картички од 0,2 отсто на месечно ниво, но на годишно ниво има намалување од 0,5 проценти. Раст и на месечно и на годишно ниво од 1, односно од 4,5 проценти, има кај негативните салда на тековните сметки.

Кредитите на претпријатијата бележат намалување од 0,2 отсто како резултат на намалување на девизното кредитирање, кое, како што наведуваат од НБРМ, го надминува растот на денарското кредитирање.

Според податоците на НБРМ, депозитите во јули бележат мало намалување од 0,1 процент, при што падот на депозитите на домаќинствата го надминува растот на депозитите од корпоративниот сектор. На годишна основа депозитите се зголемени 7,3 отсто при поизразен приоднес на корпоративниот сектор.

Депозитите на домаќинствата бележат месечен пад од 0,4 проценти, главно поради месечното намалување на депозитните пари. На годишна основа депозитите на домаќинствата се повисоки 5,4 проценти при раст и кај денарските и кај девизните депозити. Депозитите на корпоративниот сектор бележат месечно и годишно зголемување од 0,6, односно 11,4 проценти. Најзначаен придонес имаат депозитните пари и краткорочните девизни депозити.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik