Трите блокови од рударско-енергетскиот гигант РЕК „Битола“, кој обезбедува 80 од производството на струја во земјава, вечера не беа во функција. Од комбинатот писмено соопштија дека третиот блок вчера во претпладневните часови накратко бил исклучен од производство поради поправка на технолошка состојба која барала краток застој на работа на блокот. Надлежните посочија дека во најкус можен рок блокот ќе биде вклучен во производство. Од преостанатите два блока, едниот пак е во редовен ремонт, процес што задолжително се спроведува во овој период од годината, а другиот термо-блок е плански исклучен поради поволна хидролошка состојба.
Трите блокови од рударско-енергетскиот гигант РЕК „Битола“, кој обезбедува 80 од производството на струја во земјава, вечера не беа во функција.
Од комбинатот писмено соопштија дека третиот блок вчера во претпладневните часови накратко бил исклучен од производство поради поправка на технолошка состојба која барала краток застој на работа на блокот.
Надлежните посочија дека во најкус можен рок блокот ќе биде вклучен во производство. Од преостанатите два блока, едниот пак е во редовен ремонт, процес што задолжително се спроведува во овој период од годината, а другиот термо-блок е плански исклучен поради поволна хидролошка состојба.
„Во вакви периоди од годината, со целосна оптимизација на сите постојни производни капацитети, предност при производството му се дава на расположливиот и евтин хидроенергетски потенцијал, а за сметка на тоа, се вршат заштеди на јагленот како необновлив енергетски ресурс“, пишува во соопштението од РЕК.
„За време на краткотрајниот застој на еден од блоковите, не е увезен ниту еден киловат-час електрична енергија“, тврдат од комбинатот.