Изминатата недела на Македонската берза беше остварен промет од редовното тргување од 35.850.827 денари или 583.031 евро, од кои 35.796.307 денари (или 99,84 отсто) на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар 54.520 денари (0,15 отсто). Прометот од редовното тргување со акции е поголем за 221,18 отсто во споредба со претходната недела. Прометот од тргување со обврзници бележи намалување од 2,87 отсто во споредба со претходната недела. Како што се вели во неделниот извештај на Берзата, на Официјалниот пазар најмногу се тргуваше со акциите на „Прилепска пиварница“, кои остварија промет од 12,4 милиони денари. На Редовниот пазар најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на „Елмар“ - Штип 54.520 денари.
Изминатата недела на Македонската берза беше остварен промет од редовното тргување од 35.850.827 денари или 583.031 евро, од кои 35.796.307 денари (или 99,84 отсто) на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар 54.520 денари (0,15 отсто).
Прометот од редовното тргување со акции е поголем за 221,18 отсто во споредба со претходната недела. Прометот од тргување со обврзници бележи намалување од 2,87 отсто во споредба со претходната недела.
Како што се вели во неделниот извештај на Берзата, на Официјалниот пазар најмногу се тргуваше со акциите на „Прилепска пиварница“, кои остварија промет од 12,4 милиони денари. На Редовниот пазар најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на „Елмар“ - Штип 54.520 денари.
На Официјалниот пазар изминатата берзанска недела најголем пораст забележаа акциите на „ОКТА“ - Скопје, за 9,34 отсто. На Редовниот пазар најголем пораст забележаа акциите на „Елмар“ - Штип, за 33,33 отсто. Најголем губитник беа акциите на „Топлификација“- Скопје кои загубија 9 отсто од вредноста.
Главниот берзански индекс МБИ-10 на неделно ниво забележа пораст од 1,74 отсто и заврши со вредност од 1.680,38 индексни поени. Индексот на обврзници ОМБ на неделно ниво забележа пораст од 1,18 отсто и достигна 126,43 индексни поени.