Некои должници плаќаат, но и многу нови доаѓаат

Bez autora
Sep 21 2015

Листата на срамот на Управата за јавни приходи успеала да дејствува „воспитно“ врз одредени даночни должници, кои ги подмириле своите обврски кон државата и нивното име веќе не се наоѓа на овој непопуларен список. Но, тоа сепак не ги намалило вкупниот даночен борч и бројот на даночните должници, туку напротив, тие се зголемени, бидејќи многу нови компании и граѓани влегле во нови и големи даночни долгови, па нивните имиња осамнаа на последната црна листа. Ова го покажале анализите на Управата за јавни приходи, направени откако даночната администрација го објави најновиот јавен список на должници, кој покажа раст на борчлиите и на сумата на долгот, што, пак, од своја страна го постави прашањето дали и колку има смисла неговото натамошно објавување. Бидејќи, кога се воведуваше оваа новина, како нејзина главна цел беше наведено дека листата треба да ги засрами даночните неплаќачи, па тие да се дисциплинираат и да се раздолжат.

Листата на срамот на Управата за јавни приходи успеала да дејствува „воспитно“ врз одредени даночни должници, кои ги подмириле своите обврски кон државата и нивното име веќе не се наоѓа на овој непопуларен список. Но, тоа сепак не ги намалило вкупниот даночен борч и бројот на даночните должници, туку напротив, тие се зголемени, бидејќи многу нови компании и граѓани влегле во нови и големи даночни долгови, па нивните имиња осамнаа на последната црна листа.

Ова го покажале анализите на Управата за јавни приходи, направени откако даночната администрација го објави најновиот јавен список на должници, кој покажа раст на борчлиите и на сумата на долгот, што, пак, од своја страна го постави прашањето дали и колку има смисла неговото натамошно објавување. Бидејќи, кога се воведуваше оваа новина, како нејзина главна цел беше наведено дека листата треба да ги засрами даночните неплаќачи, па тие да се дисциплинираат и да се раздолжат.

Инаку, последната листа на УЈП покажа дека вкупниот долг на компаниите и на граѓаните изнесува 239 милиони евра. Односно, правните лица должат близу 13,7 милијарди денари, или 222 милиони евра, а помалку должат граѓаните, односно околу 17 милиони евра, говорат податоците на УЈП.

Вкупниот број на даночни должници, пак, на најновиот список се искачи на 5.011 должници.

Сепак, дел од оние што фигурирале на претходната листа сега веќе не се наоѓаат на најновиот список. Такви се 388 даночни обврзници, чиј долг изнесувал 5,8 милиони евра. Од нив, 208 се компании кои веќе не се на листата, потоа 171 обврзник биле домашни граѓани и 9 странски физички лица кои се раздолжиле кон државата. Дел од овие должници целосно си ги платиле долговите, дел тоа го направиле делумно, дел ги репрограмирале долговите, а некои од нив застареле.

„Според извршената анализа, причините поради кои овие правни лица не се појавуваат во најновата листа е целосна или делумна уплата, репрограма и жалба/тужба или застареност на долг. Но, има и правни лица кои во периодот за кој се однесува листата извршиле дерегистрација и се одјавиле од регистарот на даночни обврзници и такви се три фирми, потоа кај 20 обврзници има дерегистрација за даночни цели, а отворање на стечај е причина што не се наоѓаат на листата две компании“, објаснуваат од Управата за јавни приходи.

Што се однесува, пак, до даночни обврзници кои се повторуваат и во претпоследната и во последната листа, а такви се вкупно 638 обврзници, треба да се напомене дека нивниот долг е намален за близу 7 милиони евра. Значи, овие должници и натаму имаат големи обврски за да фигурираат на листата на срамот, но нив ги намалиле за околу 7 милиони евра.

И додека 388 обврзници, чиј долг тежел 5,8 милиони евра, ја „напуштиле“ листата, проблемот е што на неа дошле нови 649 даночни обврзници, со вкупен износ на долг од 19,3 милиони евра. Значи, некои си одат, но многу нови доаѓаат на листата на срамот, со уште повисоки даночни долгови.

Ваквите движења на даночните должници, како крајна последица, сепак, довеле до зголемување на вкупниот даночен долг, за 19,8 милиони евра во споредба со претходната листа. „Тоа се должи на долгот на новообјавените 649 обврзници, како и на зголемувањето на долгот на дел од обврзниците кои се повторуваат на двете листи“, објаснуваат даночните власти.

На прашањето, пак, дали има потреба од натамошно објавување на листата, бидејќи тоа во крајна линија не ги намали должниците и долгот, од УЈП потенцираат дека „објавувањето на листата е законска обврска и една од целите е информирање на стопанствениците за кредибилитетот на нивните и потенцијалните деловни партнери“.

Инаку, за само еден месец бројот на нови должници кои се нашле на „ѕидот на срамот“ на УЈП се зголемил за 262 нови граѓани и компании. И овој пат првото место на списокот е резервирано за „Ел дон Кастилјо Ангел“, чиј долг е 18,8 милиони евра, на второ место со ист долг е „Мотор коач индустрија“, како и „Индустрија ел азтека“. Овие три компании се поврзани меѓу себе и се на првите три места уште од формирањето на листата, па се' досега.

Веднаш на четврто место е „Македонија пат“, со долг од 6,7 милиони евра, ЈП „Македонска радио-телевизија“ има неплатен долг од 1,8 милиони евра, а ЈП „Македонска радиодифузија“ должи за даноци 516 илјади евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik