Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето на нето платата се должи, пред се', на зголемувањето на платите во секторите: уметност, забава и рекреација за 34,2 отсто, административни и помошни услужни дејности за 9,3 отсто и другите услужни дејности за 8,3 проценти.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на нето платата се должи, пред се', на зголемувањето на платите во секторите: уметност, забава и рекреација за 34,2 отсто, административни и помошни услужни дејности за 9,3 отсто и другите услужни дејности за 8,3 проценти.
Зголемување на просечната месечна нето-плата во однос на септември годинава е забележано и во секторите: градежништво (3,6 отсто), рударство и вадење на камен (3,6 отсто) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,1 отсто).