Невработеноста ги сели младите во странство

Bez autora
May 11 2015

Без разлика дали имаат средно образование или се со завршен факултет младите со години чекаат на своето прво вработување. Тоа е главната причина што голем процент од нив заминуваат од земјата и бараат работа во странство. Голем дел се снаоѓаат со сезонска работа во некоја од соседните земји, работа на брод или по кафеани и хотели во странство. Според некои неофицијални проценки, годишно заминуваат од Македонија по неколку илјади лица, што го потврдуваат и агенциите за посредување при работа во странство, од кои најголем процент се млади. И најновите податоци на Агенцијата за вработување потврдуваат дека од вкупно 126.161 активни, невработени лица на крајот на март годинава, 45 илјади се на возраст од 15 до 34 години. Според Државниот завод за статистика, пак, во четвртото тримесечје од лани, кога беше измерена стапка на невработеност од 27,6 отсто, таа кај младите на возраст меѓу 15 и 24 години изнесувала 50,4 отсто. Додека кај лицата меѓу 25 и 49 години била 25,7 отсто.

Невработеноста ги сели младите во странствоБез разлика дали имаат средно образование или се со завршен факултет младите со години чекаат на своето прво вработување. Тоа е главната причина што голем процент од нив заминуваат од земјата и бараат работа во странство. Голем дел се снаоѓаат со сезонска работа во некоја од соседните земји, работа на брод или по кафеани и хотели во странство. Според некои неофицијални проценки, годишно заминуваат од Македонија по неколку илјади лица, што го потврдуваат и агенциите за посредување при работа во странство, од кои најголем процент се млади.

И најновите податоци на Агенцијата за вработување потврдуваат дека од вкупно 126.161 активни, невработени лица на крајот на март годинава, 45 илјади се на возраст од 15 до 34 години. Според Државниот завод за статистика, пак, во четвртото тримесечје од лани, кога беше измерена стапка на невработеност од 27,6 отсто, таа кај младите на возраст меѓу 15 и 24 години изнесувала 50,4 отсто. Додека кај лицата меѓу 25 и 49 години била 25,7 отсто.

Официјалните податоци ги загрижуваат и странските институции кои подолго време алармираат да се преземат мерки за подобрување на состојбите. И во најновата, пролетна прогноза на ЕУ, во која за Македонија се прогнозира дека ќе има најголем економски раст во Европа, повторно се нагласува проблемот со невработеноста кај младите лица. Се констатира дека нема никакво подобрување во ситуацијата со невработеноста кај младите и дека речиси половина од работната сила на возраст меѓу 15 и 24 години се регистрирани како невработени. Европската унија посочува дека очекува да продолжи да паѓа невработеноста во земјава, и од 28,1 отсто колку што беше лани, годинава да достигне 27,4 проценти, а во 2016 да се намали за уште еден процент.

Сепак, Македонија останува на врвот во Европа според бројот на лицата кои немаат работа. Бидејќи, земјите со највисока невработеност во ЕУ, Грција и Шпанија, според прогнозата на Брисел, годинава ќе достигнат стапка на невработеност од 25,6 отсто, односно од 22,4 отсто. Најниска невработеност, пак, ќе има Германија, 4,6 отсто и Велика Британија, 5,4 отсто.

Иако растот на индустријата и на економијата во земјава покажува позитивни сигнали повеќе месеци наназад, тоа не треба да значи дека може да се очекуваат значајни резултати во брзо време кои би ја смениле лошата слика со невработеноста. Според Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавци, проблемот е обемен и не може да се очекува дека мерките на Владата за зголемување на вработеноста ќе дадат брзи резултати. „Потребен е подолгорочен период за да почне да опаѓа невработеноста како резултат на акциите и програмите за вклучување на младите на пазарот. Исто така е потребно да зајакне соработката меѓу домашните фирми и АВРМ на терен, а инвестициските планови на компаниите во индустриските зони да бидат порано јавно достапни за да може на време да се креираат работните места“, вели Бошков.

Владата во континуитет носи мерки за намалување на невработеноста, со кои во голем процент се опфатени младите лица. Со најновите законски решенија ќе се опфатат околу 45.000 невработени млади на возраст до 29 години, кои се на евиденција на Агенцијата за вработување како активни баратели на работа. Притоа, работодавците кои ќе ги вработат, покрај ослободување од придонесите, нема да плаќаат ниту персонален данок на доход. Истото важи и за оние млади лица кои ќе се отворат свој бизнис, односно ќе се самовработат со грантови или субвенции од државата.

Инаку, како резултат на досегашните мерки и програми за вработување, како што неодамна информира Агенцијата за вработување, од 2007 година досега, над 64 илјади граѓани биле вклучени во разни обуки, добиле грантови, кредити или субвенции за започнување свој бизнис. Притоа, минатата година околу 5.000 млади се вработиле со помош на државните субвенции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik