Невработеноста и ризик и предизвик

Bez autora
Jun 15 2015

Бројот на невработените во државава во континуитет се намалува во последниве години. Така барем покажуваат официјалните статистички податоци. И според најновите бројки за првиот квартал од годинава, стапката на невработеност е 27,3 отсто и е пониска за 1,1 отсто во споредба со истиот период лани. Бројките на Државниот завод за статистика велат дека 2011 година ја завршивме со стапка на невработеност од 31,8 отсто, 2012 со 30,6 отсто, 2013 со 28,6 отсто, а минатата 2014 година стигнавме до 28-процентна невработеност. Сепак, втората страна на медалот е дека Македонија беше, но и понатаму останува на врвот според невработеноста, како во однос на соседството, така и во Европа. Додека просечната невработеност во земјите од еврозоната минатиот месец, според „Евростат“, беше 11,7 проценти, според најновите статистики во Србија стапката на невработени достигнала 17,6 отсто. Во Црна Гора таа е15 отсто, во Хрватска 19 отсто, во Косово 35,1 отсто, во Албанија 16,9, во БиХ 27,5, во Словенија 8,9, а во Грција 24,7 отсто и во Бугарија 10,9 проценти.

Невработеноста и ризик и предизвикБројот на невработените во државава во континуитет се намалува во последниве години. Така барем покажуваат официјалните статистички податоци. И според најновите бројки за првиот квартал од годинава, стапката на невработеност е 27,3 отсто и е пониска за 1,1 отсто во споредба со истиот период лани. Бројките на Државниот завод за статистика велат дека 2011 година ја завршивме со стапка на невработеност од 31,8 отсто, 2012 со 30,6 отсто, 2013 со 28,6 отсто, а минатата 2014 година стигнавме до 28-процентна невработеност.

Сепак, втората страна на медалот е дека Македонија беше, но и понатаму останува на врвот според невработеноста, како во однос на соседството, така и во Европа. Додека просечната невработеност во земјите од еврозоната минатиот месец, според „Евростат“, беше 11,7 проценти, според најновите статистики во Србија стапката на невработени достигнала 17,6 отсто. Во Црна Гора таа е15 отсто, во Хрватска 19 отсто, во Косово 35,1 отсто, во Албанија 16,9, во БиХ 27,5, во Словенија 8,9, а во Грција 24,7 отсто и во Бугарија 10,9 проценти. Значи, само БиХ и Косово се борат со повисоки стапки на невработеност од македонските. И според последните прогнози на ММФ, Македонија во однос на регионот и на Европа останува на врвот според невработеноста. ММФ претпоставува дека стапката ќе се намалува и во 2017 ќе достигне 25,7 отсто, но и со тој процент, сепак, ќе останеме највисоко на скалата на невработените.

Како да се намали невработеноста и да се сведе во реални рамки? Ова прашање е главен проблем во изминатите две децении. Владата останува оптимист дека сликата ќе се менува, односно невработеноста ќе продолжи да паѓа, пред се', поради активните мерки и програми за вработување. Сепак, неизвесни се нејзините ветувања дека годинава ќе има уште најмалку 20 нови инвестиции кои ќе донесат многу вработувања, бидејќи помина речиси половина година, а странските инвеститори уште ги нема, веројатно поради актуелните случувања на политичката сцена.

Инаку, минатата година во индустриските зони странските компании вработија околу 3.500 лица или за околу 1.000 лица повеќе во однос на 2013 година. До крајот на оваа година, Владата најавуваше дека бројката ќе биде двојно зголемена. Според Агенцијата за вработување, годишно се вработуваат меѓу четири и пет илјади граѓани со програмите и мерките на Владата за самовработување, за субвенции за нови работни места, поволни кредити за компаниите и слично.

Економските аналитичари коментираат дека на подолг рок не може и не би требало да биде практика невработеноста да се намалува со интервентни мерки на Владата или со вработувањата во државните служби. Според професорот Зоран Ивановски, економските правила упатуваат дека само со подобрување на условите за водење бизнис, како и со реални инвестиции по природен пат се продуцираат нови работни места. Истовремено, потребни се многу повисоки стапки на економски раст од досегашните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik