Невработеноста намалена на 22,6 отсто во вториот квартал

Bez autora
Sep 07 2017

Во второто тримесечје од годината стапката на невработеност изнесува 22,6 процента и во однос на претходниот квартал бележи намалување од 0,3 проценти. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, невработеноста во првиот квартал изнесувала 22,9 процента, а во последниот квартал од 2016 година 24 проценти. Објавените податоци покажуваат дека бројот на активното население на второто тримесечје изнесува 955.699 лица, од кои вработени се 739.892, а 215.807 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, а стапката на вработеност 44,1 отсто. Меѓу невработените 62 процента или 133.766 лица се мажи, а 38 проценти или 82.041 се жени.

Невработеноста намалена на 22,6 отсто во вториот кварталВо второто тримесечје од годината стапката на невработеност изнесува 22,6 процента и во однос на претходниот квартал бележи намалување од 0,3 проценти.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, невработеноста во првиот квартал изнесувала 22,9 процента, а во последниот квартал од 2016 година 24 проценти.

Објавените податоци покажуваат дека бројот на активното население на второто тримесечје изнесува 955.699 лица, од кои вработени се 739.892, а 215.807 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, а стапката на вработеност 44,1 отсто.

Меѓу невработените 62 процента или 133.766 лица се мажи, а 38 проценти или 82.041 се жени. Според возраста, најмногу невработени има кај оние од 25 до 49 години и тој број изнесува 137.859 лица или 63,9 отсто.Гледано според образованието, најмногу невработени има меѓу лицата со средно образование од четири години – 113.403 лица.

Кај вработените податоците покажуваат дека повеќето се вработени во преработувачката индустрија – 143.711 лица, потоа земјоделство, шумарство и рибарство, каде што се вработени 120.304 лица, трговијата на големо и мало – 106.836 лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik