Продолжува да се намалува стапката на невработеност во државата. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во четвртото тримесечје од минатата година невработеноста стаса до 24,6 отсто, што е за 0,9 процентни поени помалку во споредба со претходниот, трет квартал, а за 3 процентни поени помалку споредено со четвртиот квартал од 2014 година. Тогаш стапката на невработеност изнесуваше 27,6 отсто. Според најновите статистички податоци, во четвртото тримесечје од 2015 година стапката на вработеност, пак, изнесувала 42,7 отсто, односно вработени биле 715.758 лица, а 233.767 лица се евидентирани како невработени. Од вкупниот број на вработените, најголем дел биле ангажирани во преработувачката индустрија, 136.475 лица, а од нив 34.402 во производството на облека.
Во четвртиот квартал лани стапката на невработеност беше помала за три процентни поени во однос на истиот период 2014 кога изнесувала 27,6 отсто.
Продолжува да се намалува стапката на невработеност во државата. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во четвртото тримесечје од минатата година невработеноста стаса до 24,6 отсто, што е за 0,9 процентни поени помалку во споредба со претходниот, трет квартал, а за 3 процентни поени помалку споредено со четвртиот квартал од 2014 година. Тогаш стапката на невработеност изнесуваше 27,6 отсто.
Според најновите статистички податоци, во четвртото тримесечје од 2015 година стапката на вработеност, пак, изнесувала 42,7 отсто, односно вработени биле 715.758 лица, а 233.767 лица се евидентирани како невработени.
Од вкупниот број на вработените, најголем дел биле ангажирани во преработувачката индустрија, 136.475 лица, а од нив 34.402 во производството на облека. Исто така е голема и бројката на вработени во секторот земјоделството, 123,456 како и во трговијата на големо и трговијата на мало, 102,284.
При тоа, во трговијата на мало се вработени многу повеќе или 72.843 лица. По дејности, во јавната управа и одбрана е најголем бројот на вработените, кој во четвртиот квартал од лани изнесувал 53. 295 лица. Потоа, значаен број на вработени имало во образованието, 42.389 лица, во транспортот, 39.279 и во здравството и социјалната заштита каде што работеле 37.470 лица.
Според образовната структура на активното население, кое во четвртото тримесечје од минатата година изнесувало 949.525 лица, речиси половина или 452.483 биле со четиригодишно средно образование. Од нив, како што објави ДЗС, 333.589 биле вработени.
По нив се лицата со високо образование, кои ги имало 205.317 и од нив како вработени биле регистрирани 43.901. Висока е и бројката на лицата со основно образование, 184.558, при што од нив во работен однос биле 136.060.
Инаку, рекордно највисоката стапка на невработеност во Македонија беше измерена во 2004 и во 2005 година, 37,2 односно 37,3 проценти. Од тогаш, стапките секоја година се намалуваат, а од 2013 година наваму се пониски од 30 отсто, за во последниот квартал од ланската година да достигне 24,6 отсто.