Невработеноста падна за 1,6 отсто

Bez autora
Jun 11 2017

Вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, ДСЗ, покажуваат дека во првото тримесечје од годинава стапката на невработеност се намалила за 1,6 отсто во споредба со истиот период минатата година. Бројот на активното население изнесувал 952 644 лица, од кои вработени биле 734,043, а невработени 218, 601 лица. Стапката на активност во овој период е 56,7, стапката на вработеност е 43,7, а стапката на невработеност 22,9 отсто. Односно, невработеност во споредба со првото тримесечје од минатата година е помала за 1,6 отсто. Според ДЗС, најголемиот процент од невработените се на возраст меѓу 15 и 24 години, кај кои невработеноста изнесува 44,4 отсто, а по нив се лицата на возраст меѓу 25 и 49 години со 22,4 отсто стапка на невработеност. Статистиката покажува и дека во првото тримесечје од годинава најголем е бројот на вработените во преработувачката индустрија, каде, од вкупната бројка од 731,107 вработени, работат 138,416 лица.

НЕВРАБОТЕНОСТА ПАДНА ЗА 1,6 ОТСТОВчерашните податоци на Државниот завод за статистика, ДСЗ, покажуваат дека во првото тримесечје од годинава стапката на невработеност се намалила за 1,6 отсто во споредба со истиот период минатата година.  

Бројот на активното население изнесувал 952 644 лица, од кои вработени биле 734,043, а невработени 218, 601 лица. Стапката на активност во овој период е 56,7, стапката на вработеност е 43,7, а стапката на невработеност 22,9 отсто. Односно, невработеност во споредба со првото тримесечје од минатата година е помала за 1,6 отсто.

Според ДЗС, најголемиот процент од невработените се на возраст меѓу 15 и 24 години, кај кои невработеноста изнесува 44,4 отсто, а по нив се лицата на возраст меѓу 25 и 49 години со 22,4 отсто стапка на невработеност.

Статистиката покажува и дека во првото тримесечје од годинава најголем е бројот на вработените во преработувачката индустрија, каде, од вкупната бројка од 731,107 вработени, работат 138,416 лица. По нив се вработените во земјоделството, шумарството и водистопанството каде се ангажирани 120,894 лица, а следуваат вработените во трговијата на големо и мало кои броеле 113,511 во првиот квартал од годинава.   

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik