Невработеноста продолжува да паѓа, стаса до 24 проценти

Bez autora
Sep 11 2016

Во Македонија постојано паѓаат стапките на невработеност. Како ретко која европска или балканска држава, кај нас во континуитет, од квартал во квартал, од година во година, со значителни проценти се намалува бројот на лицата без работа. Така, во последниве пет години во државава невработеноста е намалена за цели 7,8 проценти. Поточно, таа на крајот на 2011 изнесуваше 31,8 отсто, во 2012 падна на 30,6, потоа 2013 година заврши со стапка на невработеност од 28,6 отсто, во 2014 невработеноста изнесуваше 27,6 отсто, на крајот на 2015 беше 26,1 процент, а според најновите податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во вториот квартал од годинава се сведе на 24 проценти.

Невработеноста продолжува да паѓа, стаса до 24 процентиВо Македонија постојано паѓаат стапките на невработеност. Како ретко која европска или балканска држава, кај нас во континуитет, од квартал во квартал, од година во година, со значителни проценти се намалува бројот на лицата без работа.

Така, во последниве пет години во државава невработеноста е намалена за цели 7,8 проценти. Поточно, таа на крајот на 2011 изнесуваше 31,8 отсто, во 2012 падна на 30,6, потоа 2013 година заврши со стапка на невработеност од 28,6 отсто, во 2014 невработеноста изнесуваше 27,6 отсто, на крајот на 2015 беше 26,1 процент, а според најновите податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во вториот квартал од годинава се сведе на 24 проценти.

Тоа е за 0,5 проценти помалку во споредба со првото тримесечје од годинава, а за 2,8 проценти помалку во однос на вториот квартал од минатата година.

Според вчерашните податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од оваа година, стапката на вработеност, пак, изнесувала 42,9. Во овој период во Македонија е евидентирано 948.376 активно население, од кое вработени биле 720.674, а невработени 227.702 лица.

При тоа, најголема стапка на невработеност од 49,2 процента имало кај најмладите, односно лицата на возраст меѓу 15 и 24 години, и кај оние на возраст меѓу 25 и 49 години, каде стапката на невработеност била измерена на 23,6 проценти. Додека најголем број на вработени статистиката регистрирала во преработувачката индустрија, 139.830 лица, а најмалку во рударството и вадењето камен, 6.220 вработени.

Според стручната подготовка, пак, како и во претходните години, повеќе од половината од невработените се со основно и со средно образование. Односно, од вкупно 277.702 невработени во вториот квартал од годинава, според ДЗС, со основно образование се 57.773, а со 4 години средно школо 99.540 или вкупно биле 157.313 невработени.

Владата постојано нагласува дека паѓањето на невработеноста е резултат на активните политики за вработување, на програмите, на мерките и на субвенциите за вработување. Со нив, според Агенцијата за вработување, годишно се вработуваат меѓу четири и пет илјади невработени, а приближно толку нови работни места секоја година се отворале во странските компании во економските зони.

Според бизнисмените, невработеноста не треба да се намалува со административни мерки и не треба Владата да вработува и да им дава на компаниите бенефиции за вработувања. Туку самите фирми, зависно и според потребите и условите на пазарот, треба да регрутираат кадри. Владата е таа што треба да обезбеди добра законска регулатива и независно судство, за да можат компаниите добро да функционираат.

Сепак, и покрај континуираното намалување на процентот на невработеноста, Македонија беше и останува на врвот на европската табела според бројот на лицата без работа и ќе бидат потребни уште многу години за да се достигнат европските нивоа.

„Евростат“ неодамна објави дека во април годинава најниска стапка на невработеност била регистрирана во Чешка (4,1 отсто), потоа во Германија (4,2 отсто) и во Малта (4,3 отсто). Највисока, пак, невработеност е забележана во Грција (26,2 отсто) и во Шпанија (20, отсто).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik