Николоски: 28 нови авиодестинации и раст од 30 проценти на патници во првиот квартал

Bez autora
Apr 26 2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот во кој се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 отсто на бројот на патници во првиот квартал од годината.

-Тоа е стратегија која ја работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу 2,5 милиони патници. Создадовме концепт кој не е лесен, разговараме со бројни компании, ги замолував Македонија да ја стават како дестинација. Да не заборавиме дека Македонија нема излез на море, но денеска имаме 28 нови дестинации откако оваа Влада е избрана. Бројот на патници оваа година ќе помине 3,5 милиони, а во 2027 година очекувам да помине 4 милиони патници, што е некаде за 70 отсто раст – рече Николоски во поткастот на порталот Курир, пренесува МИА.

Тој посочи дека оваа година скопскиот аеродром е во силен пораст на територија на поранешна Југославија, со 30 проценти раст во првите три месеци, а охридскиот е со 20 проценти раст. Со завршувањето на надградбата и реконструкцијата на охридскиот аеродром, додаде вицепремиерот Николоски, растот ќе биде уште поголем. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik