Ниските температури ја зовреа берзанската цена на струјата

Bez autora
Jan 16 2017

Ниските температури кои ги погодија земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка на струја, како и застојот и испадите во повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа, директно влијаеја на растот на цените на електричната енергија. Така, ладните денови ги стресоа берзите на струја низ регионот и Европа, па продажната цена на електричната енергија во регионот минатата недела урна рекорди. На српската, бугарската, унгарската и другите берзи на електрична енергија, вредноста на еден мегават-час се зголеми за три и повеќе пати.

Ниските температури ја зовреа берзанската цена на струјатаНиските температури ја зовреа берзанската цена на струјата Ниските температури кои ги погодија земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка на струја, како и застојот и испадите во повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа, директно влијаеја на растот на цените на електричната енергија.

Така, ладните денови ги стресоа берзите на струја низ регионот и Европа, па продажната цена на електричната енергија во регионот минатата недела урна рекорди. На српската, бугарската, унгарската и другите берзи на електрична енергија, вредноста на еден мегават-час се зголеми за три и повеќе пати. Во некои денови од претходната недела цената на еден мегават-час скокна од 50 на 150 евра за мегават, а во некои моменти цената достигнување 300, па дури и 500 евра на еден мегават-час.

Растот на берзанската цена на струјата започна минатиот понеделник, како последица на енормно зголемената побарувачка на струја во целиот регион. А, причините на ваквите раздвижувања на пазарот се многу ниските температури, како и намаленото производство на струја од некои хидроелектрани.

На пример, на српската берза првиот ден од минатата недела еден мегават на берзата чинеше 120 евра, а веќе во вторникот достигна 150, додека во четвртокот падна на нешто помалку од 100 евра. Во околу 18 часот во вторникот еден мегават стигна и до 200 евра, додека на унгарската берза во истиот момент нејзината вредност изнесуваше 300 евра.

Од ЕЛЕМ велат дека во некои денови од минатата недела еден мегават-час чинел и 500 евра. Во петокот напладне, на српската берза пиковата струја чинела 88,8 евра за мегават-час, додека на словенечката еден мгвч. се продавал по цена од 101,02 евра. Од компанијата посочуваат дека на крајот на неделата се почувствувале сигнали на ценовно стабилизирање, поради благиот пораст на температурите и санирањето на дефектите во повеќе енергетски капацитети во регионот.

Од петокот Бугарија целосно го сопре извозот на струја, јави софиската агенција „Фокус“. Според Министерството за енергетика, мерката се воведе поради лошите зимски услови, што доведе од нерамнотежа меѓу производството и потрошувачката на електрична енергија.

Се најавува дека извозот повторно ќе почне да тече кога ситуацијата со снабденоста во регионот и во земјата пак ќе се нормализира. Според бугарското министерство за енергетика, електроенергетскиот систем во Бугарија е во добра кондиција, може да ги издржи пиковите и има обезбедени резерви, со што не се очекуваат било какви проблеми во снабдувањето.

Инаку, поради исклучување на далноводите од Грција и од Бугарија, увозот на струја во Македонија од средината на минатата недела се реализираше единствено преку далноводи од Србија.

Според претседателот на Македонската енергетска асоцијација, МЕР, Кочо Анѓушев, исклучувањето на далноводите нема да значи дека во земјава ќе дојде до недостиг од струја, туку дека само е отежнат нејзиниот увоз.

„Ниските температури во Југоисточна Европа и затворањето на повеќе капацитети во одредени земји, како и прекинот на испораката од далноводите, ги намалија можностите струјата да се донесе од Централна Европа кон Југоисточна Европа. Тоа уште повеќе ќе влијае врз зголемување на цената на струјата. Ако продолжат ниските температури, струјата ќе се набавува уште поскапо, а минатата недела цената на мегават се движеше од 50, па нагоре, до 200 евра и повеќе во одредени часови од денот“, вели Анѓушев.

Од Електрани на Македонија, ЕЛЕМ, информираа во петокот дека потрошувачката на струја во земјава е зголемена за 30 отсто. Во почетокот од минатата недела еден мегават-час струја на берзите се продаваше по цена меѓу 140 евра и 219,37 евра.

Од почетокот на годинава до 11 јануари за потрошувачите биле испорачани 21,459 мегават-часа, од кои 17,859 мгвч. или 83 проценти биле обезбедени од домашните електроенергетски капацитети. Според јавниот оглас на ЕЛЕМ од 10 јануари, за потребите од струја во периодот од 14 до 22 јануари, во средата била извршена набавка на 22. 824 мгвч., по просечна цена од 79,38 евра за еден мгвч.

Одговорните од ЕЛЕМ повеќе пати нагласија дека увозот на струја нема да влијае врз зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство, и дека негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоците на струја што ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и во декември минатата година.

Во Хрватска, исто така, цените на електричната енергија на пазарот, на самото место или достапни веднаш за испорака, во почетокот на јануари скокнаа за два до три пати во споредба со просечната цена во текот на минатата година.

Како што информираат хрватски медиуми, во средата еден мегават-час чинеше 150,02 евра, додека во првите две недели просечната цена изнесуваше 93,88 евра за мегават-час. Последен пат е регистрирана ваква висока цена на струјата во февруари 2012, кога максималната цена достигна 200,01 евра за мгвч.

Марко Ќосиќ, директор на снабдувачот „Проенерџи“, вели пазарот на струја е многу променлив, па затоа не се невообичаени промените на цените. „Намалената достапност на електричната енергија на пазарот се должи на прекинот на извоз на енергија од Бугарија и од Грција.

Сепак, може да се заштитиме од ценовните шокови ако се набави струја за фиксна испорака во текот на годината. Енергијата треба да се набави однапред“, вели тој и додава дека во февруари ќе дојде до стабилизирање на цените.

Според експертите, нерамнотежата на пазарот на струја започна кон крајот на 2016 кога во Франција, која е најголем производител на струја во Европа, згаснаа голем број на нуклеарни централи, а во јануари и во Германија, што има директно влијание на берзанските цени.

ХЕС „Црн Дрим“: Врнежите од снег поволни за хидрологијата

Дебар - Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, минатата година произвеле 588 милиони киловат-часови електрична енергија, што е поголемо производство од планираното. Во двата објекти годишниот план не само што е реализиран, туку е и надминат.

Во ХЕ „Шпилје“ се произведени 355 милиони киловат-часови електрична енергија, што претставува 28,6 отсто поголемо производство од планираното. Во ХЕ „Глобочица“ се произведени 234 милиони киловат-часови, што значи 23 отсто поголемо производство, информираа за МИА од ХЕС „Црн Дрим“.

Во двете акумулации има солидна резерва вода, што е вообичаено за овој период од годината. Надлежните оценуваат дека врнежите од снег кои минатата недела го зафатија поширокиот дебарски регион, како и оние кои се најавуваат, се очекува поволно да влијаат врз хидрологијата во претстојниот период.

„Поголем дотек вообичаено, се очекува напролет, кога почнува наглото топење на снегот во планините, но тоа е и време на дождови. Како резултат на навреме реализираните ремонти и ревизии на електормашинската опрема, хидроелектраните се подготвени да ги прифатат и преработат сите количини на вода кои се очекува да се слеат во акумулациите“, нагласуваат од ХЕС „Црн Дрим“. Планот за годинава е проектиран на 275 милиони киловат-часови за „Шпилје“, односно 184 милиони за „Глобочица“ или вкупно двете електрани се планира да произведат 459 милиони киловат часови електрична енергија.

Се подготвува старт на ТЕЦ „Осломеј“

Електрани на Македонија почнаа со подготовки за старт на ТЕЦ „Осломеј“. За почетно пуштање на блокот се користат два помошни котли за продукција на пареа до производство на пареа од главниот котел, соопшти завчера ЕЛЕМ, подружница РЕК „Осломеј“ Кичево.

Ова Електрани на Македонија го прави со цел да го зголеми домашното производство на електрична енергија. Процената е дека за ставање во функција на ТЕЦ „Осломеј“ ќе бидат потребни околу 12 часа.

СДСМ: Македонија останува зависна од увозот

„До овој момент не проработи ТЕЦ ’Осломеј’. Македонија останува зависна од скапиот увоз на струја“, реагираше вчера СДСМ.

Од таму велат дека и по 24 часа од најавениот старт, ТЕЦ „Осломеј“се' уште не произведува струја.

Според СДСМ, ТЕЦ „Осломеј“ во 2017 година има произведено 0 мегават-часови електрична енергија, а во 2016 година само 8 проценти од вкупното количество на струја произведено во 2006 година.

„Не работи ни ТЕЦ Неготино, а нестабилно работи РЕК-Битола, поради што увозот на струја за само две недели ги чини граѓаните неверојатни 4,2 милиона евра“, велат од партијата.часа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik