Нов бран поевтинување на кредитите од јануари

Bez autora
Dec 14 2010

Пониски камати од јануари. Банкарите ќе ги поевтинат кредитите по потезите на централната банка. НБРМ во неколку наврати ја спушташе основната камата. Сега е на ниво од четири проценти - законски по Нова година највисоката камата за денарските кредит за граѓани ќе биде 12 проценти, за фирмите 14 проценти, што е за процент помалку од досегашната граница. Последниот сигнал на НБРМ сигурно дека ќе се одрази на ново намалување на каматните стапки, бидејќи на некој начин цената на благајничките записи е и репер и основа за формирање на каматните стапки. Верувам дека и поголемата кредитна активност меѓу банките, на пазарот исто така доведува до пазарно намалување на каматните стапки. Економијата ќе живне, банкарите најавуваат порелаксирана кредитна политика во 2011-та. Сепак, претпазливи се во прогнозите поради лошиот економски амбиент. Во годината што изминува граѓаните и фирмите речиси и да не стасуваа до банкарски кредити. Во услови на слаба ликвидност, стопанството не успеваше да ги врати ратите. Пораснаа нефункционалните, кредитите за кои се доцни и по три месеци. Оптимизам за поголема наплата банките имаат од јануари.

Нов бран поевтинување на кредитите од јануариПониски камати од јануари. Банкарите ќе ги поевтинат кредитите по потезите на централната банка.

НБРМ во неколку наврати ја спушташе основната камата.

Сега е на ниво од четири проценти - законски по Нова година највисоката камата за денарските кредит за граѓани ќе биде 12 проценти, за фирмите 14 проценти, што е за процент помалку од досегашната граница.

„Последниот сигнал на НБРМ сигурно дека ќе се одрази на ново намалување на каматните стапки, бидејќи на некој начин цената на благајничките записи е и репер и основа за формирање на каматните стапки“, рече Ѓорѓи Јанчевски, директор на Тутунска банка.

„Верувам дека и поголемата кредитна активност меѓу банките, на пазарот исто така доведува до пазарно намалување на каматните стапки“, вели Јованка Јолевска Потевска, директор на Прокредит.

Економијата ќе живне, банкарите најавуваат порелаксирана кредитна политика во 2011-та. Сепак, претпазливи се во прогнозите поради лошиот економски амбиент.

Во годината што изминува граѓаните и фирмите речиси и да не стасуваа до банкарски кредити. Во услови на слаба ликвидност, стопанството не успеваше да ги врати ратите. Пораснаа нефункционалните, кредитите за кои се доцни и по три месеци. Оптимизам за поголема наплата банките имаат од јануари.

По двегодишни најави, по Нова година ќе профункционира кредитното биро. Оттаму банките ќе собираат податоци за кредитната историја на клиентите - како ги враќале ратите, колку редовно ги плаќале комуналните сметки.

По двегодишни најави, по Нова година ќе профункционира кредитното биро. Оттаму банките ќе собираат податоци за кредитната историја на клиентите - како ги враќале ратите, колку редовно ги плаќале комуналните сметки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik