Нов инвестициски фонд – ВФП 100% Бонд

Bez autora
Dec 18 2016

Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност(КХВ) да основа нов отворен инвестициски фонд – ВФП 100% Бонд. Според инвестициската стратегија, ВФП 100% Бонд првенствено е наменет за инвеститори кои не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства. Како инвеститори на Фондот може да се јават сите домашни и странски правни и физички лица, како и специфични финансиски институции, кои имааат цел да менаџираат со својата среднорочна ликвидност. Друштвото ќе ги инвестира средствата на ВФП 100% Бонд во долгорочни и краткорочни обврзници, депозити кај домашни банки, удели во нискоризични инвестициски фондови и пари на сметка.

Нов инвестициски фонд – ВФП 100% БондДруштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност(КХВ) да основа нов отворен инвестициски фонд – ВФП 100% Бонд.

Според инвестициската стратегија, ВФП 100% Бонд првенствено е наменет за инвеститори кои не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.

Како инвеститори на Фондот може да се јават сите домашни и странски правни и физички лица, како и специфични финансиски институции, кои имааат цел да менаџираат со својата среднорочна ликвидност. Друштвото ќе ги инвестира средствата на ВФП 100% Бонд во долгорочни и краткорочни обврзници, депозити кај домашни банки, удели во нискоризични инвестициски фондови и пари на сметка.

Според проспектот на фондот, средствата на инвеститорите ќе бидат инвестирани во Република Македонија и во земјите членки на Европската Унија, ОЕЦД и ЦЕФТА.

По ВФП Премиум Инвест и ВФП Кеш Депозит, ВФП 100% Бонд ќе биде трет фонд со кој управува друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik