Нов проект за штедење на енергија во компаниите

Bez autora
May 10 2016

Проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии“, кој почна во мај, а ќе трае до крајот на годинава, треба да придонесе за зголемување на бројот на компаниите што штедат енергија. Со него се опфатени 13 компании, приватни, државни и една комунално-општинска. Тие поминаа три модули на обука, а четири од нив веќе покажуваат заштеда на енергија, од два до пет проценти, без позначајни инвестициски вложувања. На поголемите компании кои сакаат да бидат енергетски ефикасни, сакаме да им укажеме како со поинакви начини и со примена на нова методологија да го подобрат работењето, да се ослободат од технолошкото слепило и да се насочат кон алтернативните начини на штедење.

Нов проект за штедење на енергија во компаниите„Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии“, кој почна во мај, а ќе трае до крајот на годинава, треба да придонесе за зголемување на бројот на компаниите што штедат енергија.

Со него се опфатени 13 компании, приватни, државни и една комунално-општинска. Тие поминаа три модули на обука, а четири од нив веќе покажуваат заштеда на енергија, од два до пет проценти, без позначајни инвестициски вложувања.

„На поголемите компании кои сакаат да бидат енергетски ефикасни, сакаме да им укажеме како со поинакви начини и со примена на нова методологија да го подобрат работењето, да се ослободат од технолошкото слепило и да се насочат кон алтернативните начини на штедење“, изјави на вчерашната прес-конференција во Стопанската комора, Ана Петровска, од Регионалниот центар за животна средина и координатор на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), кој го финансира овој проект со 1,4 милиони американски долари.

Инаку, овој проектот има три компоненти. Првата се однесува на јакнење на политиките и на законодавството за енергетската ефикасност во индустријата, вториот предвидува поддршка на пазарот за примена на најдобри практики и технологии за енергетска ефикасност и еколошка одржливост на индустриските компании, а третиот влијае на стапката на инвестиции во технологии за енергетска ефикасност.

Тој е поддржан од министерствата за животна средина и за економија, Агенцијата за енергетика, Регионалниот центар за животна средина, УСАИД и Македонската банка за поддршка на развојот. Го спроведува УНИДО, кој воедно финансиски учествува со 5,9 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik