Со пристигнувањето на првата група туристи од Брисел на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ ќе биде означен почетокот на авионската линија Брисел - Охрид. Туристите на охридскиот аеродром ќе пристигнат денес наутро, со туроператорот „Томас Кук“. На официјалниот почеток на оваа авиолинија е најавено обраќање на претставници од „ТАВ Македонија“, туроператорот „Томас Кук“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и од локалната самоуправа на Охрид. Со воведувањето на оваа авиолинија се очекува да се зголеми бројот на туристи од Брисел, но и другите европски дестинации.
Со пристигнувањето на првата група туристи од Брисел на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ ќе биде означен почетокот на авионската линија Брисел - Охрид.
Туристите на охридскиот аеродром ќе пристигнат денес наутро, со туроператорот „Томас Кук“.
На официјалниот почеток на оваа авиолинија е најавено обраќање на претставници од „ТАВ Македонија“, туроператорот „Томас Кук“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и од локалната самоуправа на Охрид.
Со воведувањето на оваа авиолинија се очекува да се зголеми бројот на туристи од Брисел, но и другите европски дестинации.