Првата странска инвестиција во земјава, американската „Џонсон контролс“, ја проширува дејноста. По инвестициите во Скопје и во Штип, оваа американска компанија најави отворање фабрика и во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари со која треба да се отворат 1.500 нови работни места. Таа ќе стартува идната година напролет, како браунфилд, значи во постојна зграда, а потоа ќе биде гринфилд-инвестиција, и тоа најдоцна до пролетта 2017. „Џонсон контролс“ со овој нов капацитет, во наредните три години ќе има можност да вработи 3.000 луѓе. За новата инвестиција вчера со премиерот Никола Груевски разговараа во Владата директорот во „Џонсон контролс“ , Вили Ван Лои, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо. Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука, изјави Ван Лои.
Првата странска инвестиција во земјава, американската „Џонсон контролс“, ја проширува дејноста. По инвестициите во Скопје и во Штип, оваа американска компанија најави отворање фабрика и во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари со која треба да се отворат 1.500 нови работни места. Таа ќе стартува идната година напролет, како браунфилд, значи во постојна зграда, а потоа ќе биде гринфилд-инвестиција, и тоа најдоцна до пролетта 2017. „Џонсон контролс“ со овој нов капацитет, во наредните три години ќе има можност да вработи 3.000 луѓе.
За новата инвестиција вчера со премиерот Никола Груевски разговараа во Владата директорот во „Џонсон контролс“ , Вили Ван Лои, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.
„Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука“, изјави Ван Лои.
Според Мизо, фактот дека „Џонсон контролс“ реинвестира во Македонија е потврда за успешноста на владините политики за подобрување на бизнис-климата и креирање многу плодна почва за вложување.
„’Џонсон контролс’ трет пат инвестира во Македонија, прво во Скопје во 2006 година, потоа во Штип во 2011, а сега и во Струмица. Веднаш ќе пристапиме кон активностите за адаптирање на индустриската зона во Струмица“, посочи Мизо.
Според инвестицискиот план, првите вработувања треба да бидат реализирани до крајот на годинава, а до крајот на наредната година ќе се вработат 300 лица.
Одговарајќи на новинарски прашања, Мизо рече дека „Вистеон електроникс“ до крајот на идната година планира да заврши со производниот процес во Македонија. Во меѓувреме траат контакти со други компании кои на еден или на друг начин може да го искористат погонот на „Вистеон“ за влез во Македонија и за проширување на производствата.
„Додека траат тие разговори не можам да давам информации, но важно е дека вработените во ’Вистеон’ со сигурност ќе бидат згрижени во таа или во некоја од другите компании во Македонија“, рече тој.