Нова инвестиција од 12 милиони евра во Жабени

Bez autora
Oct 12 2016

Во Битола ќе се реализира нова грчка инвестиција со 600 директни вработувања на компанијата „Цераметал“. Капацитетот ќе биде лоциран во индустриската зона Жабени, а ќе се произведуваат метални производи, конструкции и материјали за заварување што се применуваат во енергетскиот и градежниот сектор. Инвестицијата се проценува на 12 милиони евра, од кои во првата фаза 5 милиони евра. Грчката компанија од Атина ја објави својата инвестиција за која веќе има купено земјиште од 45 илјади квадратни метри. Ќе се изгради хала, а ќе бидат вработени вкупно 600 луѓе, од кои на почетокот 150, а останатите во втората фаза. Дополнително, ќе има и индиректни работни места, изјави вчера претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски.

Нова инвестиција од 12 милиони евра во ЖабениВо Битола ќе се реализира нова грчка инвестиција со 600 директни вработувања на компанијата „Цераметал“. Капацитетот ќе биде лоциран во индустриската зона Жабени, а ќе се произведуваат метални производи, конструкции и материјали за заварување што се применуваат во енергетскиот и градежниот сектор. Инвестицијата се проценува на 12 милиони евра, од кои во првата фаза 5 милиони евра.

„Грчката компанија од Атина ја објави својата инвестиција за која веќе има купено земјиште од 45 илјади квадратни метри. Ќе се изгради хала, а ќе бидат вработени вкупно 600 луѓе, од кои на почетокот 150, а останатите во втората фаза. Дополнително, ќе има и индиректни работни места“, изјави вчера претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој додаде дека грчката компанија планира да извезува во поголем број држави, а главно во Германија, но голем дел од производството ќе оди и за Шпанија, Јапонија, Канада и други држави.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik