Бањскиот туризам е главен столб на стопанството во општина Дебар, но исто така ова приватно претпријатие со домашни инвестиции дава голем прилог во намалувањето на невработеноста. Ова го нагласи градоначалникот на Дебар, на свеченоста што беше организирана во Дебарски бањи Цапа, по повод најновата инвестиција. Лата во присуство на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неколку министри во Владата од редовите на ДУИ, додаде дека ефектите на инвестициите се мошне значајни за Дебар. Инвеститорот и генерален директор на Дебарски бањи Цапа, нагласи дека по 2004 година со приватизацијата на бањите до сега се инвестирани над 7.000.000 евра, така што се создадени модерни услови за бањскиот туризам, а гостите од странство се над 60 отсто од вкупниот број на гости кои минатата година изнесуваше 80 илјади ноќевања.
Бањскиот туризам е главен столб на стопанството во општина Дебар, но исто така ова приватно претпријатие со домашни инвестиции дава голем прилог во намалувањето на невработеноста.
Ова го нагласи градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, на свеченоста што беше организирана во Дебарски бањи Цапа, по повод најновата инвестиција.
Лата во присуство на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неколку министри во Владата од редовите на ДУИ, додаде дека ефектите на инвестициите се мошне значајни за Дебар.
Инвеститорот и генерален директор на Дебарски бањи Цапа, Меџит Цапа, нагласи дека по 2004 година со приватизацијата на бањите до сега се инвестирани над 7.000.000 евра, така што се создадени модерни услови за бањскиот туризам, а гостите од странство се над 60 отсто од вкупниот број на гости кои минатата година изнесуваше 80 илјади ноќевања .
Во Дебарски бањи Цапа наскоро ќе се реализира уште еден голем проект, а тоа е Аква парк во локалитетот во Косоврасти и ќе се гради еден луксузен хотел во локалитетот Бањиште.