Новата цена за сметководствените услуги донесена незаконски

Bez autora
Jul 04 2017

Министерството за финансии реагира на одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги. Со одлуката неколкукратно се зголемуваат надоместоците за вршење сметководствени услуги. Согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, нема основа за донесување на оваа одлука. Истовремено, Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на законот со оглед на фактот што Управниот одбор на Институтот има надлежност да ги утврди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги, стои во реакцијата на Министерството за финансии.

Новата цена за сметководствените услуги донесена незаконскиМинистерството за финансии реагира на одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги. Со одлуката неколкукратно се зголемуваат надоместоците за вршење сметководствени услуги.

„Согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, нема основа за донесување на оваа одлука. Истовремено, Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на законот со оглед на фактот што Управниот одбор на Институтот има надлежност да ги утврди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги“, стои во реакцијата на Министерството за финансии.

Спорната одлука Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија ја донесе на седницата на Собранието на Институтот одржана на 19 мај.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik