Нови 30 вработувања во рудникот "Саса"

Bez autora
May 30 2016

Во рудникот „Саса“ во тек се 30 нови вработувања и тоа главно се жители на општина Македонска Каменица, со што рудникот се зајакнува и кадровски. Ова за МИА го истакна директор за развој и инвестиции во рудникот „Саса“, кој потенцира дека во моментов 30 млади се на обука за работа во рудникот. Ќе направиме и ревизија на состојбата со работните места кон крајот на оваа година и се надеваме дека со овие обуки ќе ги охрабриме младите луѓе да влегуваат во јамата, да се вработуваат во рудникот без страв за нивната безбедност, рече Прохоров.

Нови 30 вработувања во рудникот "Саса"Во рудникот „Саса“ во тек се 30 нови вработувања и тоа главно се жители на општина Македонска Каменица, со што рудникот се зајакнува и кадровски.

Ова за МИА го истакна Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во рудникот „Саса“, кој потенцира дека во моментов 30 млади се на обука за работа во рудникот.

„Ќе направиме и ревизија на состојбата со работните места кон крајот на оваа година и се надеваме дека со овие обуки ќе ги охрабриме младите луѓе да влегуваат во јамата, да се вработуваат во рудникот без страв за нивната безбедност“, рече Прохоров.

Во рудникот во моментов директно се ангажирани 700 работници, дополнително се ангажираат преку фирми изведувачи уште 90 до 100 работници кои директно работат само за потребите на „Саса“, со што овој рудник е најголем работодавец во регионот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik