Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поскапе еден денар, додека бензинот Еуросупер БС-98 половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува, односно останува на 66,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 68,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 48 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот Еуродизел се зголемува за денар по литар на 59,50 денари.
Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поскапе еден денар, додека бензинот Еуросупер БС-98 половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува, односно останува на 66,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 68,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48 денари за литар.
Малопродажната цена на дизелот Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за денар по литар на 59,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,764 денари на 29,367 денари за килограм.