Италијанската компанија „Кондево“ во Штип, „Гентерм“ и „Акомпласт“ во Прилеп, „Леар“ во Гостивар и „ОДВ електрик“ во Охрид и Струга, градат фабрики во моментов, а наскоро и холандската „Ван Хол“ ќе започне со изградба на својата втора фабрика. Со овие инвестиции треба да се отворат над пет илјади нови работни места во Македонија. И американската автомобилска компанија „КСС“, која ја заврши изградбата на фабриката во Кичево, од следниот месец треба да почне со производство и во неа ќе се вработат 1.000 лица. Инвестицијата на „Кондево“ треба да заврши до април кога и официјално би почнало и производството. Станува збор за гринфилд-инвестиција од над 40 милиони евра, со која ќе се отворат минимум 250 нови вработувања.
Италијанската компанија „Кондево“ во Штип, „Гентерм“ и „Акомпласт“ во Прилеп, „Леар“ во Гостивар и „ОДВ електрик“ во Охрид и Струга, градат фабрики во моментов, а наскоро и холандската „Ван Хол“ ќе започне со изградба на својата втора фабрика.
Со овие инвестиции треба да се отворат над пет илјади нови работни места во Македонија. И американската автомобилска компанија „КСС“, која ја заврши изградбата на фабриката во Кичево, од следниот месец треба да почне со производство и во неа ќе се вработат 1.000 лица. Инвестицијата на
„Кондево“ треба да заврши до април кога и официјално би почнало и производството. Станува збор за гринфилд-инвестиција од над 40 милиони евра, со која ќе се отворат минимум 250 нови вработувања.
Објектот на „Акомпласт“ во Прилеп треба да биде завршен ова лето, а во него ќе се произведуваат делови за автомобили по најсовремена технологија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар и големите автомобилски брендови, БМВ, „Дајмлер“, „Ауди“, „Фолксваген“, „Мерцедес“, „Бентли“ и „Јагуар“.
Во Тетово со изградбата на фабриката на американски „Леар“ за производство на автомобилски навлаки за седишта ќе се отворат нови 2.000 работни места. Корпорацијата „Леар“ е еден од водечките глобални снабдувачи на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција.
„Леар“ го опслужува секој поголем производител на автомобили во светот и производите може да се најдат во повеќе од 300 називи на возила. Годинава најавуваа нови фабрики и германската „ГЕС“ за производство на соларни панели, како и домашните фирми „Хајтек“ и „Те-те пласт“.