Министерството за земјоделство планира да инвестира околу 9 милиони евра во капитални објекти во областа на водоснабдувањето и во системите за наводнување и одводнување, ќе продолжи да работи на чистење на каналите за наводнување, планира законски измени кои ќе овозможат подобро управување со системите, а има изготвено и 10-годишен проект за изградба на нови и санација на постојните системи за што има издвоено околу 200 милиони евра. Сите активности треба да овозможат зголемување на квалитетот на земјоделските производи, но и да овозможат да се обезбеди наводнување и во услови на сушни периоди, вели министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Министерството за земјоделство планира да инвестира околу 9 милиони евра во капитални објекти во областа на водоснабдувањето и во системите за наводнување и одводнување, ќе продолжи да работи на чистење на каналите за наводнување, планира законски измени кои ќе овозможат подобро управување со системите, а има изготвено и 10-годишен проект за изградба на нови и санација на постојните системи за што има издвоено околу 200 милиони евра.
Сите активности треба да овозможат зголемување на квалитетот на земјоделските производи, но и да овозможат да се обезбеди наводнување и во услови на сушни периоди, вели министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Од планираните 9 милиони евра за капитални објекти, за браната „Оризарска Река“ се наменети 65 милиони денари, за браната „Маркова Река“ 30 милиони, за браната „Kоњско“ 10 милиони денари, за хидросистемот „Равен Речица“ 20 милиони денари, за браната „Слупчанска Река“ 21 милион и 500 илјади денари, за хидросистемот „Стрежево“ 10 милиони денари и за други инвестиции и проекти од програмата за рурален развој 176 милиони денари.
- Ова се сериозни проекти кои се планираат во земјава и кои ќе придонесат за развој на земјоделството, односно ќе направат водоснабдувањето да биде на задоволително ниво имајќи предвид дека, ако се изземе годинава која е доста дождлива, наредните години се очекуваат поголеми суши. Од тие причини ни се потребни овие системи како би можеле да имаме квалитетно производство - вели Цветков.
Владата има изготвено десетгодишен проект за изградба и рехабилитација на постојните системи за што се предвидени околу 200 милиони евра или годишно по 20 милиони евра.