Нови ослободувања кај ДДВ, а се планира раст на приходите в година

Bez autora
Oct 05 2016

Владата предлага нови даночни ослободувања, иако за идната година најави значаен раст на даночните приходи, за дури 9,5 отсто. Односно, таа предложи, а Собранието вчера прифати да бидат донесени по скратена постапка измените на Законот за данокот на додадена вредност, со кои за одредени категории стапката на ДДВ се намалува од 18, на пет проценти. Поточно, со повластената стапка од пет отсто отсега па натаму ќе се оданочуваат пелетите, печките на пелети за греење и котлите на пелети, со цел, како што навела Владата во своето образложение, да се стимулира користењето на овој енергенс, кој се смета за еколошки.

Нови ослободувања кај ДДВ, а се планира раст на приходите в годинаВладата предлага нови даночни ослободувања, иако за идната година најави значаен раст на даночните приходи, за дури 9,5 отсто. Односно, таа предложи, а Собранието вчера прифати да бидат донесени по скратена постапка измените на Законот за данокот на додадена вредност, со кои за одредени категории стапката на ДДВ се намалува од 18, на пет проценти.

Поточно, со повластената стапка од пет отсто отсега па натаму ќе се оданочуваат пелетите, печките на пелети за греење и котлите на пелети, со цел, како што навела Владата во своето образложение, да се стимулира користењето на овој енергенс, кој се смета за еколошки.

„Според постојното законско решение, прометот на пелети и печки на пелети и котли на пелети се оданочува според општата даночна стапка од 18 отсто. Со цел да се стимулира користењето на пелети како еколошки поприфатлив енергенс за греење, како и употребата на печки на пелети, а во насока на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, со измените се предлага прометот на овие добра да се оданочува со повластена даночна стапка од 5 отсто“, велат од Владата, која е предлагач на Законот.

Оттаму тврдат и дека предложените измени на Законот за ДДВ ќе предизвикаат незначително влијание врз буџетот на земјава.

Но, дел од даночните експерти, коментираат дека не е логично во услови на очекувана помала стапка на раст за идната година, односно три проценти, како и планиран раст на даночните приходи за дури 9,5 отсто, да се воведува ново даночно ослободување.

„Главната поента е дека и понатаму се прават некакви ослободувања, а не се проширува даночната основа, како и опфатот на даночни обврзници. А, од друга страна се планира значаен раст на даночните приходи. Тие работи не одат заедно“, објаснуваат даночните експерти. Сепак, додаваат дека „намалена даночна стапка во принцип значи и зголемен промет, па доаѓа до извесно компензирање на потенцијално изгубените приходи“.

Инаку, повластената даночна стапка од 5 отсто сега важи за повеќе видови производи, и тоа производи за човечка исхрана, вода за пиење, книги и брошури, семенски и саден материјал, вештачко ѓубре, земјоделска механизација, лекови, медицинска опрема, првиот промет на станбени згради и станови, добиточна храна, бебешки производи, училиштен прибор....

Инаку, ДДВ е најзначаен полнач на државната каса. Во буџетот за оваа година приходите од ДДВ се на ниво од 27,2 отсто од вкупните буџетски приходи, додека, само во рамки на даночните приходи, на ДДВ отпаѓа 48,6 отсто.

Инаку, Владата предлага измените да се изгласаат по скратена постапка, бидејќи „не е во прашање донесување сложен и обемен закон“.

Другите измени се во насока да се скрати времето потребно за пополнување и поднесување на Пријавата за данокот на додадена вредност (ДДВ-04). Тоа, според експертите, е добра новина, бидејќи овозможува помало администрирање.

Измените на Законот за ДДВ, според министерот за финансии Кирил Миноски, се и во насока на поедноставување на постапката за прометот на струја, за да се избегне плаќањето на ДДВ и поврат на ДДВ за електрична енергија која транзитира низ Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik