Нови работни места за граѓаните и поволности за компаниите најавија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, при вчерашното отпочнување на кампањата на проектот „Македонија вработува 2“ во Куманово. Колку што повеќе ќе ги доближиме можностите што ги нуди проектот, толку поголем број работни места ќе се отворат. Затоа ги повикувам сите приватни компании да ги искористат поволностите и можностите кои ги нуди проектот Македонија вработува 2. Проектот предвидува сопствениците на фирми кои ќе вработат лица од 35 до 50 години да се ослободат од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 60 месеци од денот на вработувањето.
Нови работни места за граѓаните и поволности за компаниите најавија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, при вчерашното отпочнување на кампањата на проектот „Македонија вработува 2“ во Куманово.
„Колку што повеќе ќе ги доближиме можностите што ги нуди проектот, толку поголем број работни места ќе се отворат. Затоа ги повикувам сите приватни компании да ги искористат поволностите и можностите кои ги нуди проектот ’Македонија вработува 2’“, рече министерот Спасов.
Проектот предвидува сопствениците на фирми кои ќе вработат лица од 35 до 50 години да се ослободат од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 60 месеци од денот на вработувањето.
Проектот не може да го користат компании кои го намалиле бројот на вработени, ниту оние што не плаќаат редовно даноци, плати и социјални придонеси за своите вработени.
Карванот „Македонија вработува 2“ ќе ги посети сите општини и повеќето приватни компании на кои ќе се претстават можностите и бенефитот од проектот.
Преку претходниот проект „Македонија вработува 1“ во државата се отворени 480 компании, а во Куманово 911 лица нашле работа.