Нови рокови и начин на пријавување приходи од кирија, капитална добивка, приходи од странство

Bez autora
Feb 01 2018

Граѓаните што остваруваат приходи од други физички лица во земјата, како и граѓаните резиденти што остваруваат приходи од странство, имаат обврска да поднесат електронска пресметка за приход и данок. Приходи од имот и имотни права – до 10 во месецот кој следува по месецот во кој е склучен договорот или по месецот на издавање. Во случај на склучен договор за цела година се поднесува електронска пресметка за цела година, односно за времетрањето на закупот. На пример, кога граѓанин издава стан на друго физичко лице за 2018 година, се поднесува една пресметка е-ППД за периодот од 1.1.2018 до 31.12.2018 година.

Нови рокови и начин на пријавување приходи од кирија, капитална добивка, приходи од странствоГраѓаните што остваруваат приходи од други физички лица во земјата, како и граѓаните резиденти што остваруваат приходи од странство, имаат обврска да поднесат електронска пресметка за приход и данок (е-ППД), и тоа за:

1) Приходи од имот и имотни права (издавање имот на друго физичко лице) – до 10 во месецот кој следува по месецот во кој е склучен договорот или по месецот на издавање.

Во случај на склучен договор за цела година се поднесува електронска пресметка (е-ППД) за цела година, односно за времетрањето на закупот. На пример, кога граѓанин издава стан на друго физичко лице за 2018 година, се поднесува една пресметка е-ППД за периодот од 1.1.2018 до 31.12.2018 година.

Доколку времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, односно се издава преку веб-страници booking, airbnb и сл., се поднесува по една електронска пресметка (е-ППД) за секој поединечен остварен приход. На пример, кога граѓанин во текот на еден месец издава стан по неколку дена на повеќе закупци, се поднесуваат пресметки е-ППД за секој остварен приход, односно за секој закупец за соодветниот период на престој во станот.

За повеќе информации во врска со пријавувањето и плаќањето персонален данок за приходи од имот и имотни права преземете ја брошурата „Оданочување на приходи од имот и имотни права (закупнина)“

2) Капитални добивки од продажба на хартии од вредност, недвижен имот и учество во капиталот – до 10 во месецот кој следува по месецот во кој е извршена продажбата или во кој е заверен договорот за купопродажба. На пример, до 10.2.2018 година имате обврска да поднесете електронска пресметка (е-ППД) за продажба извршена во јануари 2018 година.

3) Приходи од странство – до 10 во месецот за приходите остварени во претходниот месец.
На пример, до 10.2.2018 година имате обврска да поднесете електронска пресметка (е-ППД) за остварените приходи од странство во текот на јануари 2018 година.

4) Лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот – до 10 во месецот за приходите остварени во претходниот месец.
На пример, до 10.2.2018 година имате обврска да поднесете електронска пресметка (е-ППД) за остварените лични примања во текот на јануари 2018 година.

5) Други приходи (приходи остварени со е-трговија преку специјализирани интернет-страници, приходи од интернет маркетинг-услуги, приходи остварени со продажба на корисен цврст отпад, исплатите на име специјализации, постдипломски студии и др.) – до 10 во месецот за приходите остварени во претходниот месец.

6) Приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажните места на зелените пазари – до 10 во месецот за приходите остварени во претходниот месец.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik