Нови рокови за увоз на автомобили

Bez autora
Sep 08 2014

Во текот на јули и август биле правени процени на остварување на целите од владината мерката за увоз на автомобили, при што е заклучено дека е постигнат социјалниот карактер на мерката и позитивно е унапреден и обновен возниот парк во земјата во однос на оној пред воведување на мерката, па оттаму и поради дополнително унапредување на животната средина, Владата одлучи да се скратат роковите за можност за увоз на автомобили кои беа важечки претходно, а со кои се овозможуваше увоз на половни автомобили со стандард на моторите ЕУРО 2 и ЕУРО 3, соопшти во неделата на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Со новите одлуки и измената на правилникот во Министерството за економија кој ја регулира оваа дејност и кој е стапен во сила, како што посочи Ѓорѓиев,се воспостави можност увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард да може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31-ви декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид автомобили кои се веќе започнати.

Нови рокови за увоз на автомобилиВо текот на јули и август биле правени процени на остварување на целите од владината мерката за увоз на автомобили, при што е заклучено дека е постигнат социјалниот карактер на мерката и позитивно е унапреден и обновен возниот парк во земјата во однос на оној пред воведување на мерката, па оттаму и поради дополнително унапредување на животната средина, Владата одлучи да се скратат роковите за можност за увоз на автомобили кои беа важечки претходно, а со кои се овозможуваше увоз на половни автомобили со стандард на моторите ЕУРО 2 и ЕУРО 3, соопшти во неделата на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Со новите одлуки и измената на правилникот во Министерството за економија кој ја регулира оваа дејност и кој е стапен во сила, како што посочи Ѓорѓиев,се воспостави можност увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард да може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31-ви декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид автомобили кои се веќе започнати.

Возилата со ЕУРО 3 стандард на моторот, пак, ќе може да се увезуваат најдоцна до 30-ти јуни 2015 година, а од 1-ви јули 2015 година увозот на автомобили ќе биде можен само доколку истите ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.

Според владиниот портпарол, целта е на овој начин и со оваа динамика постепено но и во побрз рок, да дојде до повторна обнова на возниот парк на повисоко ниво, како што тоа се случи кога во минатото со претходните одлуки се изврши трансформација и замена на возилата кои беа без стандард, или со ЕУРО 0 или ЕУРО 1 стандард на моторите, со понови возила со ЕУРО 2 И ЕУРО 3 стандард на моторите.

Владата, рече Ѓорѓиев, исто така, донела мерка којашто се однесува и на повластениот увоз кој важеше во неколку наврати и за автобусите и минибусите и таа исто како и кај автомобилите, е забележани се позитивни ефекти. Притоа прецизираше дека процентот на автобуси без ЕУРО стандард паднал од околу 45 отсто на околу 15 проценти, процентот на автобуси со ЕУРО 0 стандард паднал на 5,5 отсто, кај автобусите со ЕУРО 1 стандард изнесува 6,5, а процентот на автобуси со ЕУРО 2 стандард пораснал од претходните околу 20 на сегашни околу 55 отсот, односно пораснал од 77 на 274 возила. Процентот, пак, на автобуси со ЕУРО 3 стандард изнесува 13 отсто, односно бројот на возила пораснал за околу 20, кај автобуси со ЕУРО 4 стандард изнесува 3 отсто а процентот автобуси ЕУРО 5 стандард е 1 отсто.

„На последната седница Владата зазема политички став дека е потребно да се овозможи увоз на автобуси и минибуси кои имаат стандард ЕУРО 3, во рок на траење не подолг од една година од денот на носење на нормативната измена. Поентата на ваквиот став е да се овозможи реобнова на возниот парк како со претходните мерки, кога автобусите и минибусите без ЕУРО стандард, или со стандард ЕУРО 0 се заменуваа со автобуси и минибуси со стандард ЕУРО 2, сега со евентуалните нови измени кои се многу веројатни автобусите и минибусите кои сега имаат стандард ЕУРО 1 и ЕУРО 2 да се заменуваат со автобуси и минибуси со ЕУРО 3 стандард. Во периодот од следниве десетина дена Министерот за економија ќе направи финална консултација со засегнатите странки и со институциите, како и финална проценка за измена на правилникот кој ја уредува оваа дејност, со која евентуална измена која е доста извесна, би се предвиделе модалитетите, начините на овозможениот увоз, како и конкретниот рок на траење на ваквата можност“, рече Ѓорѓиев.

Изрази задоволство дека показателите укажале дека владината мерка за овозможување повластен увоз на автомобили од странство од страна на граѓаните била .во голема мера искористена и квалитативно е обновен нивниот приватен возен парк, со далеку поеколошки мотори, а тоа, како што посочи Ѓорѓиев, придонесува за намалување на загадувањето, како и за поголема безбедност во сообраќајот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik