На пазарот е огромна понудата и на нови и на стари станови, но граѓаните повеќе се интересираат за купување на нови станови. Пред се' затоа што во тој случај немаат потреба од дополнителни инвестиции за реновирање или адаптирање на просториите. Но, како една од главните причини за решеноста за купување на нов стан е и фактот што еден метар квадратен станбен простор веќе поодамна достигна речиси иста цена и за старите и за новите станови што се нудат на продажба, која во просек изнесува околу 900 евра. Ова се генералните оценки на агентите за недвижности во врска со моменталната состојба на пазарот во Скопје. Тие додаваат дека во последно време најголем број од граѓаните се интересираат за станови со помала квадратура, до 50 м2, како и за гарсониери, што е потврда за ниската куповната моќ.
На пазарот е огромна понудата и на нови и на стари станови, но граѓаните повеќе се интересираат за купување на нови станови. Пред се' затоа што во тој случај немаат потреба од дополнителни инвестиции за реновирање или адаптирање на просториите.
Но, како една од главните причини за решеноста за купување на нов стан е и фактот што еден метар квадратен станбен простор веќе поодамна достигна речиси иста цена и за старите и за новите станови што се нудат на продажба, која во просек изнесува околу 900 евра.
Ова се генералните оценки на агентите за недвижности во врска со моменталната состојба на пазарот во Скопје. Тие додаваат дека во последно време најголем број од граѓаните се интересираат за станови со помала квадратура, до 50 м2, како и за гарсониери, што е потврда за ниската куповната моќ.
Сепак, од агенциите констатираат дека генерално е намален интересот за купување станови, наспроти масовната изградбата на големи станбени комплекси.
„На пазарот е многу поголема понудата и на нови и на стари станови, во однос на побарувачката. Тоа е посебно забележливо кај новоградбите кои се градат интензивно на речиси секој чекор во градот, а потоа 90 отсто од становите остануваат долго време непродадени“, вели сопственичка на една скопска агенција за недвижности. Таа додава дека кај граѓаните е слаба и побарувачката за изнајмување на станови, како наместени, така и празни, пред се' затоа што сопствениците бараат многу високи кирии кои се движат од 150 евра нагоре. Сепак, како и во изминатите години, така и во овој летен период, зголемен е интересот за изнајмување на станови од студенти од другите градови, пред почетокот на академската година.
Инаку, според Државниот завод за статистика, метар квадратен станбен простор во минатата година чинел во просек 46.825 денари, или малку повеќе од 760 евра, додека во 2012 година бил 49.941 денар, односно 812 евра. Најскапи се становите во Скопје, а голем пад на нивната вредност е регистриран во другите градови од земјава, каде квадратен метар во просек достигна околу 600 евра.
Беа и останаа најскапи становите во Скопје, и тоа во општина Центар, кои чинат од 1.050 до 1.200 евра за квадрат, а во елитните населби Црниче и Водно и до 1.250 евра. Висока е цената и на становите во Карпош, каде што во просек еден метар квадратен чини 1.000 евра. Становите во Аеродром, исто така, се продаваат по просечна цена од 1.050 евра за квадрат, додека во Ново Лисиче чинат околу 900 евра за квадрат. Разлика во цената меѓу новите и старите станови е мала, околу 100 евра од квадрат, коментираат од агентите за недвижности. Па, така, во Центар може да се најде стар стан по цена од помалку од 1.000 евра за квадрат, во Карпош за 950 евра, приближно толку и во Аеродром, додека голем пад има кај цените на старите станови во Кисела Вода кои сега нудат за 750 до 800 евра за квадратен метар.