Ново задолжување од 34 милиони евра

Bez autora
Sep 06 2016

Владата денеска од домашните кредитори се задолжи за 34 милиони евра, што е за пет милиони евра повеќе отколку што претходно беше најавено во проспектите на Министерството за финансии. Најголем дел од средствата државата ги обезбеди преку продажба на едногодишни државни записи. Во текот на утрешниот ден, пак, по основ на достасани обврски, Владата на кредиторите ќе им врати 29 милиони евра. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска реагираше, нагласувајќи дека „иако за враќање достасуваа 29 милиони евра, министерот Кирил Миноски повторно одлучи да го зголеми јавниот долг за нови 5 милиони евра“. На ова возвратија од кабинетот на министерот Миноски, од каде што нагласија дека тие 5 милиони евра ќе останат како депозит во следната година.

Ново задолжување од 34 милиони евраВладата денеска од домашните кредитори се задолжи за 34 милиони евра, што е за пет милиони евра повеќе отколку што претходно беше најавено во проспектите на Министерството за финансии. Најголем дел од средствата државата ги обезбеди преку продажба на едногодишни државни записи.

Во текот на утрешниот ден, пак, по основ на достасани обврски, Владата на кредиторите ќе им врати 29 милиони евра. 

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска реагираше, нагласувајќи дека „иако за враќање достасуваа 29 милиони евра, министерот Кирил Миноски повторно одлучи да го зголеми јавниот долг за нови 5 милиони евра“. На ова возвратија од кабинетот на министерот Миноски, од каде што нагласија дека тие 5 милиони евра ќе останат како депозит во следната година. 

Според Наумов, секое задолжување без негова согласност, е незаконско. 

„Незаконската еврообврзница од 450 милиони евра за оваа неодговорна власт не е доволна за сервисирање на редовните обврски на буџетот. Место во најмала рака задолжувањата на домашниот пазар да се во рамките на износот на долговите што достасуваат за враќање, министерот Миноски продолжи со трупање нови долгови. Повторно укажувам дека секое вакво задолжување на Владата, без согласност на дополнителниот заменик-министер за финансии, е незаконско“, вели Наумов во соопштението, додавајќи дека СДСМ ќе ги искористи сите правни средства што им стојат на располагање за да го оспорат ваквото задолжување.

Министерството за финансии, пак, е децидно дека тоа работи во насока да се намали нето-задолжувањето на домашниот пазар.

„Денешната аукција на државни записи е според календарот на аукции за државни хартии од вредност. Средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит за следната година. Потсетуваме и дека со цел да го намали нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност, Министерството за финансии изминативе месеци не одржа шест аукции предвидени со календарот“, велат од Министерството за финансии. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik