Иако бараше на заем од домашните банки и кредитори сума од 4,93 милиони евра, Владата денеска доби малку помал износ, односно 4,37 милиони евра, или помалку за 569 илјади евра. Ова е втор пат да се обезбеди помала сума од бараната на домашниот пазар, откако тоа се случи и на претходната аукција. Инаку, денеска Владата преку шестмесечни записи бараше 2,44 милиони евра, а беа запишани 1,87 милиони. За нив ќе плати камата по стапка од 2,3 отсто. Во овие краткорочни хартии од вредност главно вложуваат банките. Државата го доби целиот износ што го бараше од десетгодишни обврзници, односно 2,5 милиони евра, со каматна стапка од 3,9 отсто.
Иако бараше на заем од домашните банки и кредитори сума од 4,93 милиони евра, Владата денеска доби малку помал износ, односно 4,37 милиони евра, или помалку за 569 илјади евра.
Ова е втор пат да се обезбеди помала сума од бараната на домашниот пазар, откако тоа се случи и на претходната аукција.
Инаку, денеска Владата преку шестмесечни записи бараше 2,44 милиони евра, а беа запишани 1,87 милиони. За нив ќе плати камата по стапка од 2,3 отсто. Во овие краткорочни хартии од вредност главно вложуваат банките.
Државата го доби целиот износ што го бараше од десетгодишни обврзници, односно 2,5 милиони евра, со каматна стапка од 3,9 отсто.
Претходно, преку проспекти беше најавено дека се планира позајмување од 3,2 милиони евра. Во април веќе не достасуваат за враќање долгови по основ на претходно издадени хартии од вредност.
Инаку, претседателот на Комисијата за финансии при СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, завчера соопшти дека учесниците на домашниот пазар на капитал треба да ја земат предвид новонастанатата состојба по, како што наведе, „укинатите одлуки и можноста да се укинат одлуки на дел од министерствата од страна на Владата за спроведување на изборите“.