Македонската економија влезе во стагнација. Државниот завод за статситика денеска објави раст од 0 проценти на БДП во првиот квартал од годинава. Гледано по сектори, раст имало кај: информации и комуникации (5,5 отсто), преработувачка индустрија (2,3 отсто), рударство и вадење камен (2,1 отсто) и земјоделство (1,1 отсто). Од друга страна, пад е забележан кај: уметност и рекреација од минус 9,9 отсто, градежништво пад од 6,3 отсто, јавната управа за 3,9 отсто и кај финансиските дејности пад од 1,2 отсто. Финалната потрошувачка била поголема за 2,3 проценти во однос на истиот квартал лани, а бруто инвестициите биле зголемени за 0,6 отсто. Новата Влада ветува годинава просечен раст од 5 отсто, а главен двигател на економијата се очекува да бидат домашните компании, пред се поради побрзиот поврат на ДДВ и поголемите инвестиции поради намалувањето на ризиците кои со себе ги носи политичката криза.
Македонската економија влезе во стагнација. Државниот завод за статситика денеска објави раст од 0 проценти на БДП во првиот квартал од годинава.
Гледано по сектори, раст имало кај: информации и комуникации (5,5 отсто), преработувачка индустрија (2,3 отсто), рударство и вадење камен (2,1 отсто) и земјоделство (1,1 отсто). Од друга страна, пад е забележан кај: уметност и рекреација од минус 9,9 отсто, градежништво пад од 6,3 отсто, јавната управа за 3,9 отсто и кај финансиските дејности пад од 1,2 отсто. Финалната потрошувачка била поголема за 2,3 проценти во однос на истиот квартал лани, а бруто инвестициите биле зголемени за 0,6 отсто.
Новата Влада ветува годинава просечен раст од 5 отсто, а главен двигател на економијата се очекува да бидат домашните компании, пред се поради побрзиот поврат на ДДВ и поголемите инвестиции поради намалувањето на ризиците кои со себе ги носи политичката криза.
За таа цел, како што најавија од Министерството за финансии, можно е да дојде до ребаланс на буџетот уште ова лето. На тој начин, според министерот Драган Тевдовски, ќе се исчистат неефикасните трошења и ќе се види колкав простор останува за воведување на некои мерки, како што е зголемување на минималната плата.
Инаку, проекциите за раст за годинава се разликуваат од институција до институција. Највисок раст очекува Меѓународниот монетарен фонд, од 3,2 отсто, Владата посочува раст од 3 проценти, Европската Комисија од 2,9 отсто, Светската Банка од 2,8 отсто, Народната банка од 2,5 отсто а ЕБОР прогнозира раст на македонската економија од 2,4 отсто.