Обезбедени пари, за шест години ќе се лета по Коридор 10

Bez autora
Apr 14 2011

Европската банка за обнова и развој одобри кредит од 107 милиони евра за изградба на автопат на патниот правец Демир Капија - Смоквица во должина од 28 километри. Со тоа, заедно со веќе одобрените средства од Европската инвестициона банка од 130 милиони евра, грантот од Европската комисија од 45 милиони евра и шест милиони евра од државниот буџет, се заокружи финансиската конструкција за изградба на последната автопатска делница од Коридорот 10. Дел од парите од ЕБОР, во висина од 90 милиони евра ќе бидат наменети за изградба на сообраќајницата, а 17 милиони евра за модернизација на системот на наплата на патарина. Заемот ќе се враќа во следните 15 години, со камата од 2,59 проценти и со грејс-период од три години.

Обезбедени пари, за шест години ќе се лета по Коридор 10Европската банка за обнова и развој одобри кредит од 107 милиони евра за изградба на автопат на патниот правец Демир Капија - Смоквица во должина од 28 километри.

Со тоа, заедно со веќе одобрените средства од Европската инвестициона банка од 130 милиони евра, грантот од Европската комисија од 45 милиони евра и шест милиони евра од државниот буџет, се заокружи финансиската конструкција за изградба на последната автопатска делница од Коридорот 10. Дел од парите од ЕБОР, во висина од 90 милиони евра, како што вчера информираше вицепремиерот Зоран Ставрески, ќе бидат наменети за изградба на сообраќајницата, а 17 милиони евра за модернизација на системот на наплата на патарина. Заемот ќе се враќа во следните 15 години, со камата од 2,59 проценти и со грејс-период од три години.

„Ќе се изгради модерна делница по европски стандарди што ќе има влијание на меѓународниот проток на возила и на трговската размена, како и на транзитирањето низ земјата“, потенцираше Ставрески.

Инвестицијата вредна вкупно 271 милион евра ќе треба да се реализира во следните пет-шест години. Новиот автопат ќе се гради од излезот на Демир Капија преку селото Миравци се' до Смоквица каде што се врзува со веќе постојниот автопат. Според изведбениот проект на делницата, е предвидено да бидат изградени и две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела со должина од 1.200 метри, шест моста со должина од 100 до 500 метри, исто толку потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата ќе изнесува 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Тендерот за избор на изведувач, информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ќе биде распишан кон крајот на април или на почетокот на мај, а ќе се спроведува под надзор на делегацијата на ЕУ во Скопје. Договорот со градежната фирма треба да биде потпишан до крајот на годината. Според Јанакиески, веројатно, на новиот автопат ќе се градат четири нови патарини, иако засега не е донесена конечна одлука за нивниот број. „Изведбениот проект е направен според европските стандарди, со изработена студија за животна средина и со вклучување на сите стандарди за безбедност“, потенцираше Јанакиески.

Преку Коридорот 10 се одвиваат 70 проценти од трговијата на нашата земја, поради што е од големо значење тој да биде завршен, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски, потенцирајќи дека новиот проект ќе има многу ефекти врз економијата во нашата земја, особено во градежниот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik