Објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектара

Bez autora
Apr 03 2016

Во пет општини е објавен оглас за закуп на нови 1.100 хектари државни земјоделски површини, понудените парцели не се поголеми од три хектара, а предност за закуп има населението во близина на земјиштето, односно земјоделците кои ќе произведуваат едногодишни и повеќегодишни култури. Вкупно на огласот се понудени скоро 1.150 хектари во Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и во Радовиш. Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници, за период од 15 години до 70 години. Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност, односно најголем број бодови, ќе има населението во близината на земјиштето.

Објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектараВо пет општини е објавен оглас за закуп на нови 1.100 хектари државни земјоделски површини, понудените парцели не се поголеми од три хектара, а предност за закуп има населението во близина на земјиштето, односно земјоделците кои ќе произведуваат едногодишни и повеќегодишни култури.

Вкупно на огласот се понудени скоро 1.150 хектари во Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и во Радовиш.

Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници, за период од 15 години до 70 години.

Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност, односно најголем број бодови, ќе има населението во близината на земјиштето.

Почетната цена на закупот за хектар се утврдува во зависност од местоположбата и катастарската класа. Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik