Објавен огласот за избор на изведувач за три системи за наводнување во Чаушица, Славишко Поле и Колибари

Bez autora
Jun 30 2019

Европската комисија во име на Република Северна Македонија го објави огласот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на три системи за наводнување во Чаушица, Славишко Поле и во Колибари. Овие три системи се дел од проектот финансиран од Европската Унија за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводнување. Областа Чаушица се наоѓа во Југоисточниот Регион на Република Северна Македонија, на територијата на селото Дрвош, во Хамзали, во општина Босилово. Изградбата на новиот систем за наводнување во овој регион ќе опфати наводнување на 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија.

Објавен огласот за избор на изведувач за три системи за наводнување во Чаушица, Славишко Поле и КолибариЕвропската комисија во име на Република Северна Македонија го објави огласот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на три системи за наводнување во Чаушица, Славишко Поле и во Колибари. Овие три системи се дел од проектот финансиран од Европската Унија за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводнување.

Областа Чаушица се наоѓа во Југоисточниот Регион на Република Северна Македонија, на територијата на селото Дрвош, во Хамзали, во општина Босилово. Изградбата на новиот систем за наводнување во овој регион ќе опфати наводнување на 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија.

Системот за наводнување на Славишко Поле се наоѓа во општината Ранковце и од неговата реализација ќе имаат придобвка над 250 земјоделци од селата Псача, Ранковце и Гиновце, со вкупно 1.507 жители. Изградбата на овој систем ќе овозможи наводнување на 200 хектари земјоделска површина.

Системот за наводнување во Колибари се наоѓа во Југозападниот Плански Регион, во општина Кичево, по должината на Зајаска. Изгрдабата на овој систем ќе придонесе за наводнување на 162 хектари обработливо земјоделско земјиште, поделено помеѓу селата Колибари и Црвивци.

Со проектот на ЕУ – „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување неколку локации во државата.

Овој проект е само дел од целокупната стратегија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на инвестициите во водостопанската инфраструктура. Капиталните инвестиции во изградба и реконструкција на системи за наводнување и брани беа клучен приоритет изминативе две години бидејќи наводнувањето е основа за конкурентно земјоделско производство.

Почната е реализацијата на крупни капитални проекти, како што се браната „Конско“, „Пишица“, системите „Равен Речица“, ХС „Лисиче“, ХС „Злетовица“, проектот со ЕУ за мали еколошки системи за наводнување и други, што ќе овозможат наводнување нови 32.500 хектари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik