Објавен тендер за набавка на три електрични локомотиви

Bez autora
Apr 21 2016

Објавен е тендер за набавка на три електрични локомотиви за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт ад Скопје, инвестиција од седум милиони евра, информира денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија. Според Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на железницата.

Објавен тендер за набавка на три електрични локомотивиОбјавен е тендер за набавка на три електрични локомотиви за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт ад Скопје, инвестиција од седум милиони евра, информира денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија.

Според Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на железницата.

- Претходно набавивме шет нови патнички возови, исто така вработените во Железницата во континуитет земаат редовна плата, обезбедивме работа и за велешка Колска, што значи дека со политиките што Министерството за транспорт и врски ги презема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој на железничкиот сектор во Република Македонија, изјави Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за обнова на патот Дојран -Николиќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik