Сите невработени лица кои имаат познавања од информатичките технологии, а сакаат да ги надградат и да се стекнат со меѓународни сертификати, можат да се пријават на огласот од мерката обуки за напредни ИТ-вештини. На ваков начин ќе можат полесно да најдат работа во компании во Македонија и странство. Во овој период се обезбедени средства за обука на 100 невработени лица во висина од осум милиони денари. Условите што треба да се исполнат е лицата да биле на список на невработени најмалку три месеци. Тие може да имаат завршено средно или високо образование, но и да се без образование. Како што информираше денеска министерот за труд и социјална политика, голем број од компаниите на пазарот на труд бараат кадар кој ги познава напредните ИТ-вештини.
Сите невработени лица кои имаат познавања од информатичките технологии, а сакаат да ги надградат и да се стекнат со меѓународни сертификати, можат да се пријават на огласот од мерката обуки за напредни ИТ-вештини. На ваков начин ќе можат полесно да најдат работа во компании во Македонија и странство.
Во овој период се обезбедени средства за обука на 100 невработени лица во висина од осум милиони денари. Условите што треба да се исполнат е лицата да биле на список на невработени најмалку три месеци. Тие може да имаат завршено средно или високо образование, но и да се без образование.
Како што информираше денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, голем број од компаниите на пазарот на труд бараат кадар кој ги познава напредните ИТ-вештини. Се нуди шестмесечна обука, која чини од 60 до 120 илјади денари за едно лице. По завршувањето се дава меѓународно признат сертификат.
„Бројките за процентот на вработување на лицата кои завршиле вакви обуки во тренинг-центарот „Семос едукација“ се импресивни. Од сите лица кои поминале обука за јава програмер во 2014, над 85 проценти се вработени“, истакна Спасов при посетата на „Семос едукација“, каде што се спроведуваат дел од обуките за јава програмери и мајкрософт веб-програмери.
Ирена Ивановска од „Семос едукација“ истакна досега 130 лица успешно ги поминале обуките и веќе работат во странски и во македонски познати приватни компании.