Покрај холандските туристи што ќе доаѓаат во Охрид организирано со чартер-летови на туроператорот „Корендон“, од 1 јули се' до крајот на летната туристичка сезона на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ еднаш неделно ќе слетува трет авион од Амстердам. Организацијата на чартер-летот на релација Амстердам - Охрид е на агенцијата „Каратанова-турс“. Таа во соработка со „Мат ервејс“ во петокот го реализираше првиот чартер-лет од Амстердам за Скопје, како иницијатива за директно авионско поврзување и евентуално воспоставување редовен лет од Холандија за Македонија. Холандските туристи што ќе доаѓаат преку агенцијата „Каратанова-турс“ ќе бидат сместувани во осум хотели на охридско-струшката ривиера, а дел од нив во приватни вили во Охрид.
Покрај холандските туристи што ќе доаѓаат во Охрид организирано со чартер-летови на туроператорот „Корендон“, од 1 јули се' до крајот на летната туристичка сезона на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ еднаш неделно ќе слетува трет авион од Амстердам.
Организацијата на чартер-летот на релација Амстердам - Охрид е на агенцијата „Каратанова-турс“. Таа во соработка со „Мат ервејс“ во петокот го реализираше првиот чартер-лет од Амстердам за Скопје, како иницијатива за директно авионско поврзување и евентуално воспоставување редовен лет од Холандија за Македонија.
Холандските туристи што ќе доаѓаат преку агенцијата „Каратанова-турс“ ќе бидат сместувани во осум хотели на охридско-струшката ривиера, а дел од нив во приватни вили во Охрид.
Трите најавени чартер-лета од Холандија ги потврдуваат очекувањата на охридските туристички работници дека холандските туристи се враќаат во Охрид.