Од 2011 општините ќе можат да отуѓуваат градежни парцели

Bez autora
Jul 27 2010

По стапување на сила на новиот Закон за градежно земјиште, кој е во работна фаза и за кој се расправа на трибини, општините треба да го преземат управување со државното градежно земјиште од Министерството за транспорт и врски и тие да бидат надлежни за идните продажби на овој тип земјиште. Со него се очекува општините да можат да привлекуваат странски и домашни инвестиции со цел економски да се развијат. Ова, меѓу другото беше истакнато на вчерашната јавна трибина во Скопје на која министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, истакна дека менаџирањето со неизграденото државно градежно земјиште е одговорен процес што овозможува урбанизација, реализирање нови инвестиции и подобрување на економската слика на сите општини поединечно забрзувајќи го економскиот раст на земјата во целост...

Од 2011 општините ќе можат да отуѓуваат градежни парцелиПо стапување на сила на новиот Закон за градежно земјиште, кој е во работна фаза и за кој се расправа на трибини, општините треба да го преземат управување со државното градежно земјиште од Министерството за транспорт и врски и тие да бидат надлежни за идните продажби на овој тип земјиште.

Со него се очекува општините да можат да привлекуваат странски и домашни инвестиции со цел економски да се развијат. Ова, меѓу другото беше истакнато на вчерашната јавна трибина во Скопје на која министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, истакна дека менаџирањето со неизграденото државно градежно земјиште е одговорен процес што овозможува урбанизација, реализирање нови инвестиции и подобрување на економската слика на сите општини поединечно забрзувајќи го економскиот раст на земјата во целост.

- Владата континуирано презема активности со цел овој процес да биде што поефективен за што е потребно и општините да имаат добри административни капацитети, во насока на обезбедување на потребниот квалификуван персонал и систематизирање на сервисите кои општините ги нудат на граѓаните, со цел нивна побрза реализација - рече Јанакиески.

Министерот Јанакиески очекува Законот да биде донесен до крајот на септември, а да стапи во сила следната година, при што општините ќе бидат надлежни за отуѓување и давање под долготраен и краткотраен закуп на неизграденото државно градежно земјиште. Практично, целокупниот процес на продажба на градежното земјиште ќе се одвива во единиците на локалната самоуправа, а цената на земјиштето ќе ја предлагаат нивните совети.

Стекнувањето сопственост врз градежното земјиште на општините ќе им овозможи влегување во процес на концесионирање или на јавно-приватно партнерство што, пак, ќе биде во функција на локалниот развој. Значајна новина во новиот закон ќе биде што земјиштето ќе се нуди преку електронско јавно наддавање.

Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, смета дека локалните самоуправи се подготвени да ја преземат оваа одговорност и да управуваат со земјиштето на нивните територии.

- Општините генерално мислам дека се подготвени. Општина Струмица со години го очекува пренесувањето на надлежноста за државното градежно земјиштето од државата или на сопственост или на управување. Ако Владата на вака подготвениот закон е подготвена да направи отстапки од сите оние точки каде што, сепак, си го задржува апсолутното право за интервенција, тогаш може да добиеме добар закон, кој на крајот ќе биде добар за инвеститорите - рече Заев.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски смета дека со давање на градежното земјиште во владение на општините, ќе се направи голем исчекор во децентрализацијата. До крајот на август финалниот текст на Законот за градежно земјиште ќе биде доставен до Владата, по што ќе оди и во Собрание.

Јанакиески ги отрфли обвинувањата на опозицијата дека пред да се донесе Законот за градежно земјиште, Владата забрзано продава парцели на нејзини блиски луѓе.

- Не знам кои се тие луѓе блиски до власта. Секое заинтересирано правно или физичко лице може да дојде во Министерството и да учествува на јавното наддавање - нагласи Јанакиески.

Според него Министерството за транспорт и врски последните три години не продава земјиште со директна сопогодба, туку исклучиво преку јавно наддавање.

- Одговорно тврдам дека кога и да имало чиста локација од имотно-правен аспект, Министерството распишува конкурс и секој месец прави динамичен план за објавите. Ако се анализираат последните две-три години, постојано има нови објави за продажба на градежно земјиште - рече Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik