Од 2011 понуда на животно осигурување

Bez autora
Dec 14 2010

Винер осигурување официјално од следната 2011 година започнува со понуда на животно осигурување кое е веќе 180 години дел, а воедно и основната дејност на австриската Винер осигурителна групација. Во динамичното опкружување во кое живееме, во услови на борба за обезбедување на подобар живот за своите најблиски, нема граѓанин кој не мисли на себе, својата иднина и иднината на своето семејство. Поради тоа животното осигурување е повеќе од потребно. Животното осигурување значи штедење, а штедењето значи долгорочна сигурност и инвестирање во иднината. Животното осигурување - претставува осигурување на животот и еден вид на долгорочно штедење кое низ осигурениот број на години му се враќа на осигуреникот зголемено со добивка. Целта на животното осигурување е преку планирање на иднината, да се обезбеди сигурна и удобна иднина, и полесно справување со предизвиците во динамичното окружување.

Од 2011 понуда на животно осигурувањеВинер осигурување официјално од следната 2011 година започнува со понуда на животно осигурување кое е веќе 180 години дел, а воедно и основната дејност на австриската Винер осигурителна групација.

- Во динамичното опкружување во кое живееме, во услови на борба за обезбедување на подобар живот за своите најблиски, нема граѓанин кој не мисли на себе, својата иднина и иднината на своето семејство. Поради тоа животното осигурување е повеќе од потребно. Животното осигурување значи штедење, а штедењето значи долгорочна сигурност и инвестирање во иднината - изјави заменик-генералниот менаџер на Винер осигурување, Елена Мартиновска.

Животното осигурување - претставува осигурување на животот и еден вид на долгорочно штедење кое низ осигурениот број на години му се враќа на осигуреникот зголемено со добивка. Целта на животното осигурување е преку планирање на иднината, да се обезбеди сигурна и удобна иднина, и полесно справување со предизвиците во динамичното окружување.

Оваа година Винер осигурување го зацврсти своето позиционирање на македонскиот осигурителен пазар, нудејќи квалитетна и брза услуга, поголем избор на полиси, и нови начини на исполнување на обврските по основ на осигурување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik