Од 2014 година пензии и од трите пензиски фонда

Bez autora
Oct 31 2011

Парите од вториот и третиот пензиски фонд ќе почнат да се исплаќаат после 3 години бидејќи Владата го финализираше Законот за исплата на пензии од овие столбови. Според законот парите од ПИОМ ќе се исплаќаат регуларно како и досега, а оние кој осигуреникот ги уплатувал во приватните пензиски фондови по навршување на 64 години на маж и 62 на жена, средствата ќе може да се повлекуваат според избор. Како што информира министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски законот е заснован на истите принципи на кои се базираат вториот и третиот пензиски столб, односно обезбедување пензија преку капитализација на средства на индивидуална сметка, транспарентност, можност за личен избор на вид на пензија и институција која ќе ја исплаќа пензијата, заштита на интересите на корисниците на пензија од двата столба.

Од 2014 година пензии и од трите пензиски фондаПарите од вториот и третиот пензиски фонд ќе почнат да се исплаќаат после 3 години бидејќи Владата го финализираше Законот за исплата на пензии од овие столбови.

Според законот парите од ПИОМ ќе се исплаќаат регуларно како и досега, а оние кој осигуреникот ги уплатувал во приватните пензиски фондови по навршување на 64 години на маж и 62 на жена, средствата ќе може да се повлекуваат според избор.

Како што информира министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски законот е заснован на истите принципи на кои се базираат вториот и третиот пензиски столб, односно обезбедување пензија преку капитализација на средства на индивидуална сметка, транспарентност, можност за личен избор на вид на пензија и институција која ќе ја исплаќа пензијата, заштита на интересите на корисниците на пензија од двата столба.

- Тоа значи дека пензионерот ќе има поголема флексибилност, односно ќе може да бира дали парите од вториот задолжителен и третиот доброволен фонд ќе ги добива преку програмирано повлекување, на рати или пак ќе направи комбинација од двете-вели Ристевски и додава дека овие столбови дозволуваат корисникот сам да одлучи парите за пензија на колку рати да му бидат исплатени.

Предлог-законот, според министерот, ги зема предвид специфичностите на вториот столб од аспект на неговата поврзаност со првиот столб, поради фактот што процесот на остварување на правото на старосна пензија треба да се гледа интегрирано, како право од задолжителниот пензиски систем.

- Имајќи предвид дека се работи за задолжително пензиско осигурување видовите на исплати на пензија од вториот столб кои се дозволени се доживотни програмирани повлекувања, доживотен ануитет и комбинација од двете, појасни Ристовски.

Законот е одобрен од Владата и сега се очекува да биде ставен на гласање пред пратениците. А неговата имплементација ќе биде по 2014 година. Законот треба да обезбеди поголема социјална сигурност на заштедите на граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik